Хоџа Маало

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хоџа Маало
Παρόχθιο
Хоџа Маало is located in Грција
Хоџа Маало
Хоџа Маало
Местоположба во областа
Хоџа Маало is located in Кукуш (општина)
Хоџа Маало
Местоположба на Хоџа Маало во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 23°4′E / 41.067° СГШ; 23.067° ИГД / 41.067; 23.067Координати: 41°4′N 23°4′E / 41.067° СГШ; 23.067° ИГД / 41.067; 23.067
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000502000000502 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно70
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Хоџа Маало (грчки: Παρόχθιο, Парохтио, до 1927 Χότζα Μαχαλέ, Хоџа Махале)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 19 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 502 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Хоџа Маало се состоело од 15 семејства и 40 жители муслимани[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хоџа Маало имало 156 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 258 жители, додека во 1920 година 90 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Парохтио.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 110 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 198 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 143 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 209 жители, во 1971 година имало 108 жители, во 1981 година имало 69 жители, додека во 1991 година имало 90 жител[8]. Денеска, населението на селото е 70 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 198 143 209 108 69 90 70 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]