Долно Воловод

Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Воловод
Παντελεήμωνας
Долно Воловод is located in Грција
Долно Воловод
Долно Воловод
Местоположба во областа
Долно Воловод во рамките на Кукуш (општина)
Долно Воловод
Местоположба на Долно Воловод во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000008400000084 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно451
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Долно Воловод (грчки: Παντελεήμωνας, Пантелеjмонас, до 1926 Κάτω Βολοβότ, Като Воловот)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри југоисточно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, и на 30 километри од градот Солун и на левиот брег на реката Галик. Селото се наоѓа на надморска висина од 84 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Оваа село всушност претставува нова населба изградена по доаѓањето на доселениците Грци од Понд. Во 1928 година селото броело 216 жители[3].

Во 1926 година селото било преименувано во Пантелеjмонас.

Демографија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, бројот на населението во селото било 160 жители (1913). Селото во пописот од 1940 година броело 307 жители, 1951 година броело 290 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 279 жители, во 1971 живееле 214 жители, во 1981 живееле 274 жител и во 1991 година 285 жители. Денеска, населението на селото е 378 жители[4].

По Втората светска војна, голем дел од населението се иселило во Солун.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 307 290 279 214 274 285 378
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство.

Луѓе од селото[уреди | уреди извор]

Родени во Долно Воловод

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Βολοβότ - Παντελεήμων
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf