Хаџи Бајрамли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаџи Бајрамли
Θεοδόσια
Хаџи Бајрамли is located in Грција
Хаџи Бајрамли
Хаџи Бајрамли
Местоположба во областа
Хаџи Бајрамли во рамките на Кукуш (општина)
Хаџи Бајрамли
Местоположба на Хаџи Бајрамли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 23°7′E / 40.967° СГШ; 23.117° ИГД / 40.967; 23.117Координати: 40°58′N 23°7′E / 40.967° СГШ; 23.117° ИГД / 40.967; 23.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно214
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Хаџи Бајрамли (грчки: Θεοδόσια, Теодосија, до 1927 Χατζή, Хаџи Бајрамли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 26 километри источно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 650 метри.

Хаџи Бајрамли опфаќа површина од 20 квадратни километри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаџи Бајрамли се состоело од 300 семејства и 810 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хаџи Бајрамли имало 800 жители муслимани[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 932 жители, додека во 1920 година 340 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Хаџи Бајрамли.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 460 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 596 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 351 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 471 жител, во 1971 година имало 278 жители, во 1981 година имало 217 жители, додека во 1991 година имало 231 жител[8]. Денеска, населението на селото е 214 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 596 351 471 278 217 231 214
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Πετράδες
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 122.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154-155.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-05.