Папрат (Кукушко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Папрат
Ποντοκερασιά
Папрат is located in Грција
Папрат
Папрат
Местоположба во областа
Папрат is located in Кукуш (општина)
Папрат
Местоположба на Папрат во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 23°7′E / 41.067° СГШ; 23.117° ИГД / 41.067; 23.117Координати: 41°4′N 23°7′E / 41.067° СГШ; 23.117° ИГД / 41.067; 23.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000698000000698 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно146
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Папрат (грчки: Ποντοκερασιά, Пондокерасија, до 1927 Παπράτ, Папрат)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 698 метри.

Папрат опфаќа површина од 70 квадратни метр[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Папрат се состоело од 80 семејства и 253 жители муслимани[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Папрат имало 710 жители муслимани[3][5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 700 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 595 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото[3][6]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Пондокерасија.[7]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 348 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 711 жители. Зголемувањето на бројот на жители најверојатно се должи на населувањето на жители од соседните села.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 390 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 321 жители, во 1971 година имало 166 жители, во 1981 година имало 125 жители, додека во 1991 година имало 192 жители[9]. Денеска, населението на селото е 146 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 711 390 321 166 125 192 146 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ποντοκερασιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  7. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  9. Folketeljing 2011, revidert