Горчливо Езеро
Горчливо Езеро Πικρολίμνη | |
---|---|
![]() Поглед на Горчливото Езеро од с. Хаџилар | |
Координати | 40°50′05″ N; 22°48′46″ E / 40.8347° СГШ; 22.8127° ИГДКоординати: 40°50′05″ N; 22°48′46″ E / 40.8347° СГШ; 22.8127° ИГД |
Главни истеци | Струма |
Сливни земји | Егејска Македонија, Грција |
Најг. должина | 2,42 км |
Најг. ширина | 2,35 км |
Површина | 3,77 км2 |
Прос. длабочина | 1 м |
Надм. височина | 50 м |
Горчливо Езеро (грчки: Πικρολίμνη, Пикролимни; турски: Acı Göl, Аџи Ѓол) — мало солено езеро во Кукушко на Егејска Македонија, денес во Грција.
Сместено е на територијата на општината Кукуш, 5 километри западно од реката Галик. Нивото на водата во голема мера зависи од годишното време. Јужно од езерото се наоѓа селото Нареш (Неја Филаделфија), а на север Ѓолбаш (Пикролимни).
Езерото нема флора и фауна поради високата соленост — трипати поголема од онаа на Мртвото Море и и затоа денес е познато како „Грчкото Мртво Море“.[1] Познато е по лековитата кал.
По езерото е наречена и поранешната општина Горчливо Езеро, со седиште во с. Али Хоџалар (Микрокамбос).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Hello Greece.Kilkis Prefecture“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2014-06-06.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Горчливо Езеро на Ризницата ?
- Горчливо Езеро (Пикролимни) — Грчко орнитолошко друштво (грчки)
- Слики од Горчливото Езеро[мртва врска]
|