Дојранска Котлина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Глетка на Дојранското езеро и котлина од Беласица

Дојранската Котлина или Дојрански Ровкотлина во крајниот југоисточен дел на Македонија.[1] Настанала со неотектонските движења на издигање и тонење во неогенот, по должината на раседните линии на Беласица од северозапад на која се наоѓаат неколку поистакнати врвови: Чатал Чешма и Тепе (1.474 м); ниската Даб Планина (974 м) од запад; од исток ограноците на Круша Планина. Котлината има триаголна форма во која е сместено Дојранското Езеро. Поголем дел од котлината, особено дното – рамништето, лежи во Егејскиот дел на Македонија (Грција), а на територијата од Македонија зафаќа површина од 62 км2, со надморска височина од 148 до 148,5 м. На Котлината ѝ припаѓаат крајните југозападни делови од планината Беласица, кои стрмно се спуштаат во Асанлиско Поле. Езерото во плеистоценот по својата форма и големина било поголемо. Најпозната населба е Дојран што претставува важен туристички центар.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. Стојмилов, Физичка географија на Македонија, ПМФ, Скопје, 2003
  2. Т. Андоновски, М. Зиков, Морфолошки и морфометриски карактеристики на Дојранското Езеро и влијанието на осцилациите врз нивното создавање, МАНУ, Скопје, 1991