Беровско-делчевска Котлина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беровско-делчевска Котлина is located in Македонија
Беровско-делчевска Котлина
Местоположба на Беровско-делчевската Котлина во Македонија

Беровско-делчевска Котлинакотлинска целина во просторот на горниот тек на реката Брегалница до езерото Калиманци во Истибањската Клисура. Ограничен е со водоразделните линии по планините и разгранците на: Осогово, Влаина, Малешевските Планини, Плачковица, Обозна и Голак. Зафаќа вкупна површина од 1102,6 км2.[1]

Лежи на надморска височина од 400 до 2.100 м, но во најголем дел (над 85%) е на висина од 600 до 1.200 м. Просторот е сочинет од две посебни морфолошки целини. Едната е Беровската Котлина или како област, позната под името Малеш, а втората Делчевската Котлина, позната под името Пијанец. Двете се разделени со возвишението на Бејаз Тепе (1.348 м) и клисурата на Брегалница во непосредна близина.

Рамничарскиот релјеф е незначително застапен поради трајно присуство и смена на ниски ридови. Оттаму во Малеш 90% од ридестиот релјеф е сместен од 800 до 1000 м. Во Малеш превладува планинскиот, а во Пијанец ридестиот релјеф.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Група автори (2016). „Беровско-делчевска Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 130. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf. 

Координати: 41°52′N 22°50′E / 41.867° СГШ; 22.833° ИГД / 41.867; 22.833