Тиквешка Котлина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тиквешка Котлина се наоѓа во Republic of Macedonia
Тиквешка Котлина
Местоположба на Тиквешката Котлина во Македонија

Тиквешка Котлинакотлина во централно-јужна Македонија која се протега во Средното Повардарие, а го зафаќа рамниот и брановиден простор помеѓу Велешката Клисура на север и Демир Капија на југ. Ова е една од најголемите котлини во Македонија, со вкупна површина од 2.518 км2[1]. Ограничена е со водоразделните линии по планините: Кожуф, Козјак, Дрен и Клепа од западната страна на р. Вардар и Иланџа, Конечка, Градешка и Плауш од источната страна на Вардар. Рамничарскиот дел, кој е обично на надморска височина од 75 до 200 м зафаќа околу 350 км2[1].

Во котлината е сместена познатата културно-историска област Тиквешија.

Физички одлики[уреди | уреди извор]

Котлината зафаќа површина од 2.518 км2, а лежи на наморска височина помеѓу 100 и 2.166 м[2]. Има издолжен облик со должина од 50 км, а ширина од 40 км. Образувана е со тектонските движења во неогенот, а подоцна древното Тиквешко Езеро (различно од денешната акумулација).

Морфолошки целини[уреди | уреди извор]

Поглед на котлината во Неготинско.

Во Тиквешката Котлина се издвојуваат низа посебни морфолошки целини:

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во котлината е изменетосредоземноморска, со малку врнежи во годината (476,7 мм)[2]. Има погодни услови за одгледување на разни земјоделски култури. Тиквеш е познат винарски крај во котлината, каде е мошне застапена виновата лоза, но во неа можат да се одгледуваат и топлољубивите култури како афионот, сусамот, памукот. Во многу места низ котлината се одгледуваат и житарки, тутун, зеленчук, бостан.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Тиквешка Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 128. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Тиквешка Котлина“. Македонска енциклопедија книга II (М-Ш): стр. 1483-1484. (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.