Обозна
Изглед
| Обозна | |
|---|---|
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.278 м |
| Матичен врв | Јастребник |
| Географија | |
| Место | |
| Област | Источна Македонија |
Обозна — средновисока планина во источна Македонија, со највисок врв Јастребник (1.278 м).[1]
Се протега во правец север–југ во должина 9,5 км. Се наоѓа помеѓу Кочанската Котлина на запад и Разловечката Клисура на исток, низ која тече реката Брегалница, одделувајќи ја од Бејаз Тепе (1.314 м). Од југ со Калуѓерска Река и превојот Обозна (933 м) е одвоена од Плачковица, а со превојот Мерилов Рид на север е одвоена од планината Голак.[1]
Настанок
[уреди | уреди извор]Планината на станала со тектонски кон крајот на плиоценот и во почетокот на плеистоценот.
Геолошки состав
[уреди | уреди извор]По состав, Обозна е сочинета од гнајсеви, кристалести шкрилци и гранити.[1]
Растителност
[уреди | уреди извор]На планината нема многу зеленило. Освен ниските растенија, наместа има шумски предели и мали пасишта.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Обозна“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1062. Text "series " ignored (help)
