Ана Дере

Координати: 40°34′38″N 22°15′30″E / 40.5771° СГШ; 22.2582° ИГД / 40.5771; 22.2582
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Дере
Τριπόταμος
Ана Дере во Бер
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајБерско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоКаракамен кај Кастанија
 • координати40°23′48″N 22°07′36″E / 40.3968° СГШ; 22.1268° ИГД / 40.3968; 22.1268
Устие 
 • место
Мегленица кај Нова Луковица
 • координати
40°34′38″N 22°15′30″E / 40.5771° СГШ; 22.2582° ИГД / 40.5771; 22.2582
Особености на сливот
Ана Дере во рамките на Бер (општина)
извор
утока

Ана Дере или Трипотамос (грчки: Τριπόταμος, Ανά Ντερέ) — река во Берско, Егејска Македонија која поминува низ градот Бер.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Реката извира од јужните делови на планината Каракамен, јужно од с. Кастанија. Тече во североисточен правец и минува низ с. Топљани. Кај некогашното село Горна Лужица свртува на северозапад, го одминува с. Лужица (Долна Лужица) и ја прима големата лева притока Гавана. Продолжува на североисток и проаѓа низ северозападните населби на градот Бер.[1] Тука на реката стои стариот Синан-бегов мост, изграден во 1585-86 г.[2][3]

Откако ќе го напушти градот, тече на североисток и кај Нова Луковица се влева во реката Мегленица како нејзина десна притока.[1]

Притоки[уреди | уреди извор]

→ лева, ← десна

  • → Гавана
    • ← Карадере

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. „Το ήξερες; Ποια είναι η Γέφυρα «Καραχμέτ» στη Βέροια;“. Βεροιώτης. 23 март 2018. Посетено на 7 ноември 2019.
  3. „Γεφύρι Καραχμέτ(η) ή Γεφύρι Της Μπαρμπούτας“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 7 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]