Нова Луковица
Нова Луковица Νέα Λυκόγιαννη | |
---|---|
Координати: 40°34′N 22°15′E / 40.567° СГШ; 22.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Апостол Павле |
Надм. вис. | 25 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 399 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Нова Луковица или Нова Ликовишта (се сретнува и под името Нова Ликовишта; грчки: Νέα Λυκόγιαννη, Неа Ликоѓани) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Сместено е во Солунското Поле, на надморска височина од 25 метри.[2] Селото се наоѓа на четири километри од селото Микрогуш и на 8 километри североисточно од градот Бер.
Селото се наоѓа околу пет километри југоисточно од селото Јанчишта и на два километри од старата населба Ликовишта.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Населбата официјално била раздвоена и произлегла од селото Луковица, во кое по 1923 година се доселиле 65 бегалски семејства со вкупно 247 бегалци, поради што по 1940 година била поделена на две населби, Стара и Нова Луковица. Ова се случило поради носењето на грчките бегалски семејства, за кои била изградена новата населба јужно од старата.[2]
Тоа претставува целосно нова населба, изградена по 1928 година, на два километри од старата населба. Првпат е забележано во 1940 година по извршените мелиорации и по регулирањето на коритото на реката Вода и како такво е забележано со 33 жители.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото располага со богати и многу плодни обработливи површина и произведува многу памук, овошје и пченица.
Население
[уреди | уреди извор]По 1923 година, грчките власти тука населиле 65 бегалски семејства со вкупно 247 бегалци. Како мешана населба (селото Луковица) со македонско и грчко бегалско население, во 1928 година селото е забележано со 368 жители. Бидејќи грчките власти за бегалските семејства изградиле посебна населба во непосредна близина на старата и јужно од неа, во записот од 1940 година, па наваму, оваа населба се води како посебна и тоа како Нова Луковица, додека старата населба, за да се разликува од новата, била наречена Стара Луковица.[2]
Првпат била спомената во 1940 година по извршени мелиорации на реката Вода, кога била попишана со 33 жители. Добрите природни услови и местоположбата на новата населба ги натерале жителите на селото Ликовишта, претежно бегалци, да се преселат во новата населба, која на пописот во 1951 година веќе имала 392 жители. Во 1961 година биле забележани 423, во 1971 година 345, во 1981 година 515, а во 1991 година 633 жители.
Според пописот во 2001 година, селото имало 414 жители. Во најновиот попис во 2011 година спроведен во Грција, селото било забележано со 399 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 33 | 392 | 423 | 345 | 515 | 633 | 414 | 399 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Апостол Павле со седиште во селото Микрогуш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, се наоѓа и во општинскиот оддел Луковица, во кој покрај Нова Луковица се наоѓа и селото Луковица.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 17 и 22.
|