Дреновска Река (Егејска Македонија)

Координати: 40°36′28″N 21°11′32″E / 40.6079° СГШ; 21.1921° ИГД / 40.6079; 21.1921
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дреновска Река
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКостурско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоВич, кај СЦ „Бигла“
 • координати40°45′09″N 21°16′15″E / 40.7526° СГШ; 21.2709° ИГД / 40.7526; 21.2709
Устие 
 • место
Рулска Река југозападно од Дреновени
 • координати
40°36′28″N 21°11′32″E / 40.6079° СГШ; 21.1921° ИГД / 40.6079; 21.1921
Должина22,7 км
Особености на сливот
Притоки 
 • левиТрсенска Река, Мала Река, Бапчорска Река

Дреновска Рекарека во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Рулска Река (Желевска Река), овде сметана за Бистрица.

Опис[уреди | уреди извор]

Реката извира во јужното подножје на врвотите Голина (1.918 м) и Бигла (1.931 м) и тече на југ под името Крушенска Река. Ја прима левата притока Трсенска Река и го добива името Голема Река. Кај селото Кономлади ја прима левата притока Мала Река која извира под Чаулчето (1.685 м) и продолжува во јужен правец под името Кономладска Река. Кај Чрновишта ја прима левата притока Бапчорска Река, која извира под врвот Вич. Минува низ селото Дреновени, кое го дели на два дела — Горно и Долно. Се влева во Бистрица во месноста Смеси.[1]

Во минатото водите на реката напојувале четири воденици во Дреновени кои денес се работат.[2]

Во ΧΧΙ век реката често пресушува.[1] Во 2001 г. наполно секнала.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Королов, Лари-Лабро (2016). Дреновени : Разцвет и разорение на едно село в южна Македония. София: Македонски научен институт. стр. 11. ISBN 978-954-8187-98-5.
  2. Королов, стр. 21
  3. Королов, стр. 29