Леска (река)
Изглед
| Леска Λέσκα | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Земји | Грција |
| Крај | Ениџевардарско, Егејска Македонија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Пајак |
| • координати | 40°54′27″N 22°27′32″E / 40.9074°N 22.4588°E |
| Устие | |
• место | Вардар кај Бозец (посредно) |
• координати | 40°49′13″N 22°33′22″E / 40.8203°N 22.5560°E |
| Особености на сливот | |
Леска (грчки: Λέσκα) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија.[1]
Реката извира во источниот дел на планината Пајак, јужно под возвишението Кури, северно од селото Геракарци. Тече во југоисточен правец, напоредно на Гуменџиска Река. Минува југозападно од Кониково и североисточно од Грубевци. Северно од Ливадица се приклучува во мрежата на напојни канали во Солунското Поле, и поради тоа веќе не се влева непосредно во Вардар како некогаш.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Шалдевъ, Христо (1930). „Областьта Боймия в Югозападна Македония“ (PDF). Македонски прегледъ. София: Издава Македонскиятъ наученъ институтъ. VI (1): 52. Text " langx" ignored (help)
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
