Спанч
| Спанч Σπανός | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Земји | Грција |
| Крај | Кукушко, Егејска Македонија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Круша |
| • координати | 41°11′41″N 22°56′08″E / 41.1947°N 22.9356°E |
| Устие | |
• место | Галик кај Сеслово |
• координати | 40°59′07″N 22°56′09″E / 40.9853°N 22.9358°E |
| Должина | 31 км |
| Особености на сливот | |
Спанч (грчки: Σπανός, Спанос) — река во Кукушко, Егејска Македонија, лева притока на Галик.[1] Долга е 31 км.
Течение
[уреди | уреди извор]Реката извира од источните падини на планината Круша (планина), на надморска висина од 640 м североисточно над селото Фанарли. Зазема југозападен правец, минува јужно од селото, а потоа тече низ Шемница. Потоа се упатува на југ, и откако ќе ги одмине Алексово и Касамли од исток, проаѓа источно и јужно од Грамадна. Проаѓа низ Стрезово од исток и Сеслово од северозапад, и тука меѓу овие две села се влева во Галик.
Опис
[уреди | уреди извор]Спанч е најголема притока на Галик според количината на вода. Полноводноста на Спанч е сезонски зависна од количината на врнежи од дожд и стопен снег од планината Круша. Често пресушува во летниот период, но набргу почнува да тече кога ќе почнат врнежите.[2] На брегот на Спанч, североисточно од Кукуш се наоѓа манастирот „Св. Нектариј Спанчовски“, наречен по реката.
Теренска обука
[уреди | уреди извор]Високо над Стрезово крај Спанч се терените за обука за теренско возење и специјални испити. Оваа обука подразбира преминување на реката и поминување на бројни специјални крајречни препреки.
