Рендина (река)
Рендина Ρήχιος | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Лагадинско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Бешичко Езеро |
• координати | 40°39′09″ N; 23°35′58″ E / 40.6526° СГШ; 23.5994° ИГД |
Устие | |
• место | Струмски Залив кај Ставрос |
• координати | 40°40′42″ N; 23°41′38″ E / 40.6783° СГШ; 23.6938° ИГДКоординати: 40°40′42″ N; 23°41′38″ E / 40.6783° СГШ; 23.6938° ИГД |
Особености на сливот | |
Рендина (грчки: Ρήχιος, Рихиос; старо Ρεντίνα, Рендина) — река во Лагадинско, Егејска Македонија.
Опис[уреди | уреди извор]
Реката истекува од Бешичкото Езеро и тече на исток. Веднаш по селото Рендина во минатото ја примала големата лева притока Масларска Река (Дриста), која подоцна е пренасочена во канал кон езерото. Потоа реката влегува во тесната Рендинска Клисура меѓу планината Сугљани на југ и Псили Рахи (341 м), јужен огранок на Орсова Планина, на север. Во средновековието влезот во клисурата го чувала Рендинската тврдина. По клисурата, реката излегува во низината на Аспровалта и се влева во Струмскиот Залив (наречен и Рендински Залив) на Егејското Море северно од Ставрос.[1]
Името Ρήχιος (на старогрчки Рехиос, македонизирано во Рехиј, а на денешен грчки Рихиос) е обновеното античко име на реката кое се среќава во делото „За градбите“ на Прокопиј Кесариски (VI век). Сепак, поистоветувањето со Рендина не е сигурно.[2]
Притоки[уреди | уреди извор]
→ лева, ← десна
- → Масларска Река (Дриста, Абадеџурмен Дере)
- ← Хасан Дере (Хасанолакос)