Прејди на содржината

Рендинска тврдина

Координати: 40°39′23″N 23°37′24″E / 40.6563° СГШ; 23.6232° ИГД / 40.6563; 23.6232
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рендинска тврдина
Κάστρο της Ρεντίνας
Поглед на тврдината
Карта
МестоРендина, Лагадинско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°39′23″N 23°37′24″E / 40.6563° СГШ; 23.6232° ИГД / 40.6563; 23.6232
Видтврдина
Историја
Раздобједоцна антика, среден век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбазачувана

Рендинска крепост (грчки: Κάστρο της Ρεντίνας) — доцноантичка и средновековна тврдина кај селото Рендина, Лагадинско, Егејска Македонија. Сместена е на рид, непосредно до реката Рендина, на западниот влез на клисурата. Тврдината имала за цел да ја чува византиската населба, како и да ја контролира главната патна артерија.[1]

Тврдината била постојано населена од древни времиња, па сè до почетокот на османлиското владеење. Во османнлиско време тврдината го изгубила нејзиното стратешко значење и Турците се преместиле во соседното село Бешик.[1][2][3][4]

Историја

[уреди | уреди извор]
Крстокуполната црква

На ридот се откриени наоди од неолитско време. Во подножјето се наоѓал античкиот град Аретуса.[2] Ридот бил населен до доцната антика, а околу 450 г. е изградено првото утврдување.[5] Подоцна царот Јустинијан I (527-565) ја зајакнал и обновил тврдината. Во X век врз цистерна е изградена епископска базилика. Рендинската тврдина доживеала расцут за време на Палеолозите, кога е изграден крстокуполен храм со забележителни керамики украси на нејзиниот источен крај.[6] Во XIV век тврдината е завладеана со капитулација на царот Јован Кантакузин.[7] Тврдината била населена сè до XVI век. Зачувана е византиската црква на тврдината.[2]

Во 1976 г. се започнати археолошките работи на тврдината, предводени од Николаос Муцопулос.[1] Рендинската тврдина е прогласена за археолошки споменик.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Κάστρο Ρεντίνας“. www.strymonikos.net. Архивирано од изворникот на 2012-01-27. Посетено на 17 јуни 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 18 јуни 2014.
  3. „Κάστρο Ρεντίνας“. Καστρολόγος. Посетено на 18 јуни 2014.
  4. „Το κάστρο της Ρεντίνας“. Protostrator. Посетено на 18 јуни 2014.
  5. Μουτσόπουλος, Νικόλαος (2001). Ρεντίνα ΙΙ: Το Βυζαντινό Κάστρο της Μυγδονικής Ρεντίνας: Η Οχύρωση και η Ύδρευση του Οικισμού (грчки). Αθήνα: Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδος. стр. 42. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  6. Σουγλέ, Βασιλική (2010). Φωτογραμμετρική αποτύπωση του οχυρωμένου βυζαντινού οικισμού της Ρεντίνας (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. стр. 13. Посетено на 20 јуни 2014.
  7. Гръцки извори за българската история. БАН. 1983. стр. 170.

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]