Карадере (река во Драмско)

Координати: 41°27′53″N 24°14′05″E / 41.4647° СГШ; 24.2346° ИГД / 41.4647; 24.2346
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карадере
Βαθύρεμα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајДрамско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоРодопи, граница со Бугарија
 • координати41°30′22″N 24°18′14″E / 41.506° СГШ; 24.3038° ИГД / 41.506; 24.3038
Устие 
 • место
Мужделска Река
 • координати
41°27′53″N 24°14′05″E / 41.4647° СГШ; 24.2346° ИГД / 41.4647; 24.2346
Должина12 км
Особености на сливот
Карадере (река во Драмско) во рамките на Драма (општина)
извор
утока

Карадере (грчки: Βαθύρεμα, Ватирема) — река во Драмско, Егејска Македонија.[1][2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Реката извира под врвот Чакал (1.814 м) на Родопите, близу бугарско-грчката граница. Се образува од водите на десетици потоци и се превтора во длабок црн поток кој проаѓа низ предели со уникатна природна убавина. Во насока север-југ минува низ месностите Ано Куру и Зара и крај урнатините на неколку села — Каинчал, Калчово, Дереќој и Пулово, па на крај се влева во Мужделска Река, притока на Места. Има вкупна должина од околу 12 км и ја образува границата меѓу шумите Симида и Карадере.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. „Βαθύρεμα-Καρά Ντερέ“. Natura Graeca. Посетено на 6 јануари 2023.