Љубница (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубница
Νεροφάγωμα
Местоположба
ЗемјиГрција и Македонија
КрајМегленско и Гевгелиско, Егејска и Вардарска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПајак
 • координати41°05′18″ N; 22°19′50″ E / 41.0882° СГШ; 22.3305° ИГД / 41.0882; 22.3305
Устие 
 • место
Конска Река кај Гевгелија
 • координати
41°07′31″ N; 22°28′33″ E / 41.1253° СГШ; 22.4758° ИГД / 41.1253; 22.4758Координати: 41°07′31″ N; 22°28′33″ E / 41.1253° СГШ; 22.4758° ИГД / 41.1253; 22.4758
Особености на сливот
Љубница (река) во рамките на Егејска Македонија
извор
утока

Љубница (Љумница или Љумничка Река[1]; грчки: Νεροφάγωμα) — река во Мегленско, Егејска Македонија и Гевгелија во Р. Македонија. Реките Црна и Љубница го оцртуваат источниот дел на планината од запад и од исток. Во северна насока планината се нарекува Грипа или Мајадаг,[2] (Νεροφάγωμα)[3] а во јужен правец планината се спушта стрмно кон Гуменџе и Ениџе Вардар, каде се наоѓа највисокиот врв на планината Гандач.[1][2]

Реката извира од северниот дел на планината Пајак, образувана од неколку потоци што извираат северно од врвовите Јаребична и Мусов Гроб. Тече под влашкото името Валија Мади во источен правец. Минува северно од селото Љумница (Љубница), каде е наречена Вале Мари. Свртува на север, ја прима поголемата притока Пистирика и повторно зазема источен правец под името Дрок, а потоа како Мала Река. Ја сече границата источно од пирамидата бр. 64 и се влева во Конска Река јужно од Гевгелија.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Бабев, Иван (2009). Македонска голгота. София: ТАНГРА ТанНакРа ИК. стр. 92. ISBN 978-954-378-050-1.
  2. 2,0 2,1 Шалдевъ, Христо (1930). „Областьта Боймия в Югозападна Македония“ (PDF). Македонски прегледъ. София: Издава Македонскиятъ наученъ институтъ. VI (1): 52.
  3. Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 440. ISBN 978-960-86676-6-2.
  4. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“