Рендина
Рендина Ρεντίνα | |
---|---|
![]() Црквата Св. Марина | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°39′N 23°36′E / 40.650° СГШ; 23.600° ИГДКоординати: 40°39′N 23°36′E / 40.650° СГШ; 23.600° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Општина Бешик |
Општ. единица | Рендина |
Надм. вис. | 222 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 504 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (DST) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 21 |
Повик. бр. | +30-2397-xxx-xxx |
Рендина (грчки: Ρεντίνα) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Рендина бил дел од општина Рендина[2].
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 19 километри западно од Ставрос и 80 километри источно од Солун, во североисточниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 222 метри, на источниот брег од Бешичко Езеро, на патот кој води од Солун кон Кавала.
Историја[уреди | уреди извор]
Во 19 век Рендина било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија[уреди | уреди извор]
Населбата била создадена од грчките доселеници. Според податоците од 1928 година, во селото живееле 71 жител, додека во 1940 година селото броело 55 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 125 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 88 жители, во 1971 година имало 341 жители, во 1981 година имало 211 жители, додека во 1991 година имало 187 жители[3] а во 2001 имало 182 жители. Денеска, населението на селото е 504 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 55 | 125 | 88 | 341 | 211 | 187 | 182 | 504 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|