Лезик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лезик
Μελισσουργός
Лезик is located in Грција
Лезик
Лезик
Местоположба во областа
Лезик is located in Бешик
Лезик
Местоположба на Лезик во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 23°28′E / 40.583° СГШ; 23.467° ИГД / 40.583; 23.467Координати: 40°35′N 23°28′E / 40.583° СГШ; 23.467° ИГД / 40.583; 23.467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгри Буџак
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно417[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 12
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Лезик или Мелисургос (грчки: Μελισσουργός, Мелисургос) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Мелисургос бил дел од општина Аполонија[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 26 километри западно од Ставрос и 65 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри.

Лезик опфаќа површина од 23 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Црквата посветена на Св. Ѓорги во селото била изградена во 1850 година[4].

Во 19 век Клисели било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Лезик (Loutziki) живеат 250 Грци.[5]

136 жители турци и 160 гърци християни

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 136 жители Турци и 160 Грци[6].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 230 Грци и во селото работело грчко училиште.[7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година селото имало 1030 жители.[8]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било прекрстено во Мелисургос.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било мешано со 3 бегалски семејства и 10 бегалци [9].

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население / / / / / / 1010 417
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]