Стибан

Координати: 40°45′N 23°35′E / 40.750° СГШ; 23.583° ИГД / 40.750; 23.583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стибан
Στεφανινά
Стибан is located in Грција
Стибан
Стибан
Местоположба во областа
Стибан во рамките на Бешик
Стибан
Местоположба на Стибан во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°45′N 23°35′E / 40.750° СГШ; 23.583° ИГД / 40.750; 23.583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМаслар
Надм. вис.&10000000000000493000000493 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно251
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 02
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Стибан или Стефанина (грчки: Στεφανινά) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стефанина бил дел од општина Маслар[2].

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 24 километри северозападно од Ставрос и 82 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 493 метри во јужните делови на Богданска Планина, над Бешичкото Езеро (Волви).

Стибан опфаќа површина од 55 квадратни километри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Стибан било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители Грци[4]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 550 Грци и во селото работело грчко училиште[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 423 лица[6]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Според царската наредба од 28 јули 1918 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина. Во негов состав влегувало уште и селото Кавак.

Во 1927 година селото било преименувано во Аретуза. Бидејќи селото се наоѓа на рамнина, тоа е прилично богато. Неговите жители главно се занимаваат со производство на памук, тутун и овошје.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 589 жители додека во 1940 година селото броело 752 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 653 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 722 жители, во 1971 година имало 646 жители, во 1981 година имало 499 жители, додека во 1991 година имало 468 жители[7] а во 2001 имало 375 жители. Денеска, населението на селото е 362 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 752 653 722 646 499 468 375 362 251
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  6. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]