Црква „Св. Димтириј и Св. Стефан“ - Стибан
Изглед
Свети Димитриј и Свети Стефан | |
---|---|
Αγίου Δημητρίου και Αγίου Στεφάνου | |
40°45′39.6″N 23°35′23.6″E / 40.761000° СГШ; 23.589889° ИГД | |
Место | Стибан, Лагадинско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Мавровско |
Епархија | Серско-нигритска |
Свети Димитриј и Свети Стефан (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου και Αγίου Στεφάνου) — црква во селото Стибан, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Храмот е изграден во XIX век. Претставува трикорабна базилика со припрата на запад, трем на запад и делумно на југ и камбанарија во југозападниот агол на дворот. Царската икона на Исус Христос се смета за чудотворна.[1] Во црквата има икона „Успение Богородично“ на зографот Михаил Димов (Михаил Димопулос).[2]
Во 1982 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 13 декември 2017.
- ↑ Мутафов, Емануел, Александър Куюмджиев. Икони и стенописи от храмовете на съвременната Ксантийска митрополия и връзката им с художествената продукция в българските земи през XVIII - XX в. Patrimonium, 5, 2011. стр. 233. Посетено на 8 декември 2014.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ34/28208/609/17-5-1982 - ΦΕΚ 393/Β/21-6-1982“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-22. Посетено на 11 јуни 2018.