Егри Буџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Егри Буџак
Νέα Απολλωνία
Егри Буџак is located in Грција
Егри Буџак
Егри Буџак
Местоположба во областа
Егри Буџак is located in Бешик
Егри Буџак
Местоположба на Егри Буџак во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 23°26′E / 40.617° СГШ; 23.433° ИГД / 40.617; 23.433Координати: 40°37′N 23°26′E / 40.617° СГШ; 23.433° ИГД / 40.617; 23.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгри Буџак
Надм. вис.&10000000000000107000000107 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.851[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 20
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Егри Буџак или Ери Буџак (грчки: Νέα Απολλωνία, Неја Аполонија) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]Пред реформата на локалната власт во 2011 година Неа Аполонија била дел од општина Аполонија. Денеска селото е седиште на истоимената општина.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри западно од Ставрос и 57 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 107 метри.

Егри Буџак опфаќа површина од 71 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа западно од античка Аполонија. Постојат значајни наоди дека областа била населена уште од времето на неолитот и живот имало до римскиот период. За време на османлиското владеење на регионот, била основана нова населбата наречена Егри Буџак (криво сечило) со населување на Јуруци.

Во 19 век Егри Буџак било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Во времето на Грчката војна за независност од 1821 година, Емануил Папас го окупирал селото, но неговите сили биле принудени да се повлечат поради нападот од истокот на Бајрам-паша, кој имал поддршка и од локалните османлиски власти. Една од решителните битки во овој период се одиграла токму кај Егри Буџак, и истата завршила со повлекување на грчките сили од регионот.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 1.050 лица[5]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија, Источна Тракија и од Дарданели додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.

Според царската наредба од 28 јули 1918 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина. Во негов состав влегувале уште и селата Алчили и Бешички Бањи.

Во 1927 година селото било прекрстено во Неа Аполонија. Бидејќи селото се наоѓа на рамнина, тоа е прилично богато. Неговите жители главно се занимаваат со производство на памук, тутун и овошје.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 210 семејства и со 866 жители.[6]додека во 1940 година селото броело 1390 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1260 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1570 жители, во 1971 година имало 1615 жители, во 1981 година имало 1523 жители, додека во 1991 година имало 1627 жители[7] а во 2001 имало 1860 жители[8]. Денеска, населението на селото е 1851 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1390 1260 1570 1615 1523 1627 1860 1851
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. 
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  8. Folketeljing 2011, revidert