Угурли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Угурли
Στίβος
Угурли is located in Грција
Угурли
Угурли
Местоположба во областа
Угурли is located in Бешик
Угурли
Местоположба на Угурли во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°18′N 23°26′E / 40.300° СГШ; 23.433° ИГД / 40.300; 23.433Координати: 40°18′N 23°26′E / 40.300° СГШ; 23.433° ИГД / 40.300; 23.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгри Буџак
Надм. вис.&10000000000000154000000154 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно394 [1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 20
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Угурли, Огрек или Перистерона (грчки: Περιστερώνα, Перистерона) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Угурли бил дел од општина Аполонија[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 32 километри западно од Ставрос и 46 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа југозападно од Бешичко Езеро. Пред започнувањето на Втората светска војна, селото се наоѓало на околу три километри јужно од Бешичко Езеро, во непосредна близина и источно од селото Алани, но по крајот на војната местоположбата на селото била поместена северозападно. Селото се наоѓа на надморска височина од 154 метри.

Угурли опфаќа површина од 51 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Угурли било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија, додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.

Во 1927 година селото било прекрстено во Перистерона[5].

Според царската наредба од 28 јуни 1918 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина.

Денес, населението на селото главно се занимава со земјоделство односно со производство на памук, пченица и овошје.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 54 семејства и со 203 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 231 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 294 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 384 жители, во 1971 година имало 405 жители, во 1981 година имало 360 жители, додека во 1991 година имало 456 жители[7] а во 2001 имало 346 жители[8]. Денеска, населението на селото е 394 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 231 294 384 405 360 456 346 394
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. 
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  8. Folketeljing 2011, revidert

Надворешни врски[уреди | уреди извор]