Враста (Лагадинско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Враста
Βρασνά
Vrasna Central Square.jpg
Враста is located in Грција
Враста
Враста
Местоположба во областа
Врасна is located in Бешик
Врасна
Местоположба на Врасна во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°42′N 23°39′E / 40.700° СГШ; 23.650° ИГД / 40.700; 23.650Координати: 40°42′N 23°39′E / 40.700° СГШ; 23.650° ИГД / 40.700; 23.650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаАгиос Георгиос
Надм. вис.&10000000000000135000000135 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно278
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 21
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Враста (грчки: Βρασνά) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Врасна била дел од општина Агиос Георгиос[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 81 километри источно од Солун и на 9 километри северно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, во подножјето на Богданска Планина.

Аспровалта опфаќа површина од 41 квадратни метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во источниот крај на старото село е зачувана средновековна кула од 15 век. Селото се споменува во атонски документи. Кон 1300 година селото припаѓало на катепантата Стефанина, а подоцна кон катепантата Рендина.

Селото се појавува за прв пат во писмените извори во почетокот на 16 век со името Враста. Макс Фасмер го извел името на селото од словенското брѣстъ (брест) - објаснување што е општо прифатено. Оваа етимологија покажува дека Словените биле меѓу основачите на населбата пак уште во почетната епоха селото имало мешано население[3]. Селото било познато благодарение на четири практикони за имотите на манастирот Есфигмен на Света Гора, кои датираат од годините 1300, 1318 и 1321. Овие документи го одразуваат етно-демографскиот изглед на селото во текот на четвртина век[4].

Во 19 век Враста било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Враста (Vrasta), Серска епархија, живееле 728 Грци.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 850 жители Грци[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 60-тите години на 20 век години жителите на селото се преместиле на морскиот брег и ја основале Неа Врасна, односно Нова Врасна.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било бегалско село со 877 семејства, додека во 1940 година селото броело 951 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1043 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1058 жители, во 1971 година имало 789 жители, во 1981 година имало 540 жители, додека во 1991 година имало 427 жители[7]. Денеска, населението на селото е 278 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 951 1043 1058 789 540 427 / 278
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Божилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, с.40.
  4. Божилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, стр. 41-44.
  5. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 43.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]