Прејди на содржината

Бешички Бањи

Координати: 40°39′N 23°24′E / 40.650° СГШ; 23.400° ИГД / 40.650; 23.400
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бешички Бањи
Λουτρά Βόλβης
Бешички Бањи is located in Грција
Бешички Бањи
Бешички Бањи
Местоположба во областа
Бешички Бањи во рамките на Бешик
Бешички Бањи
Местоположба на Бешички Бањи во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 23°24′E / 40.650° СГШ; 23.400° ИГД / 40.650; 23.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгри Буџак
Надм. вис.&10000000000000115000000115 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно70
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 15
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Бешички Бањи или Лутра Волвис (грчки: Λουτρά Βόλβης, Лутра Волвис) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Месопотамо бил дел од општина Аполонија[2].

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 27 километри западно од Ставрос и 52 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик, и излегува на Бешичко Езеро во неговиот југозападен дел. Селото се наоѓа на надморска височина од 60 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Познато е дека македонскиот цар Филип I на ова место изградил објекти за капење во 5 век п.н.е., кој биле во употреба и за време на византискиот период, како што било потврдено од страна на археолошките остатоци од византиска бања откриена во една од топлите извори на вода во областа. Кон средината на 1 век низ регионот во близина на селото Аполонија поминал Апостол Павле кој го ширел христијанството. Во текот на XVI век била изградена турска бања, која припаѓала на поголем комплекс составен од џамија и објекти од јавен интерес. Се смета дека комплексот бил изграден во времето на османлискиот везир Мехмед-паша Соколовиќ. Денеска, температурата на изворот е помеѓу 49 и 57 степени. Бањите се користат за лекување на ревматични заболувања, гинеколошки заболувања, болести на носната шуплина, болести на белите дробови, астма и дерматолошки заболувања.

Во XIX век Бешички Бањи било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1927 година селото било преименувано во Лутра Волвис[3].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 7 семејства и со 30 жители[4], додека во 1940 година селото броело 11 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 28 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 87 жители, во 1971 година имало 4 жители, во 1981 година имало 11 жители[5], додека во 1991 година имало 54 жители[6]. Денеска, населението на селото е 54 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 11 28 87 4 11 54 103 54 70
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  6. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-06.