Маслар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маслар
Αρέθουσα
Маслар is located in Грција
Маслар
Маслар
Местоположба во областа
Маслар is located in Бешик
Маслар
Местоположба на Маслар во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°44′N 23°35′E / 40.733° СГШ; 23.583° ИГД / 40.733; 23.583Координати: 40°44′N 23°35′E / 40.733° СГШ; 23.583° ИГД / 40.733; 23.583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМаслар
Надм. вис.&10000000000000374000000374 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно748[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 02
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Маслар или Аретуса (грчки: Αρέθουσα) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Аниксија бил дел од општина Маслар[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 17 километри северозападно од Ставрос и 79 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 374 метри во јужните делови на Богданска Планина, над Бешичкото Езеро (Волви).

Маслар опфаќа површина од 57 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Маслар било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Маслари (Maslari), Серска епархија, живееле 220 Грци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители Турци и 350 Грци[5]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 600 Грци и во селото работело грчко училиште.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 483 лица[6]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.

Според царската наредба од 28 јули 1918 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина. Во негов состав влегувало уште и селато Кавак.

Во 1927 година селото било прекрстено во Аретуса. Бидејќи селото се наоѓа на рамнина, тоа е прилично богато. Неговите жители главно се занимаваат со производство на памук, тутун и овошје.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 73 семејства и со 267 жители.[7]додека во 1940 година селото броело 936 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1056 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1269 жители, во 1971 година имало 1072 жители, во 1981 година имало 1067 жители, додека во 1991 година имало 993 жители[8] а во 2001 имало 929 жители[9]. Денеска, населението на селото е 748 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 936 1056 1269 1072 1067 993 929 748
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]