Сулево

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сулeво)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сулево
Σκεπαστό
Сулево is located in Грција
Сулево
Сулево
Координати: 40°48′N 23°31′E / 40.800° СГШ; 23.517° ИГД / 40.800; 23.517Координати: 40°48′N 23°31′E / 40.800° СГШ; 23.517° ИГД / 40.800; 23.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМаслар
Надм. вис.&10000000000000661000000661 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно322
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.572 00
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Сулево или Скепасто (грчки: Σκεπαστό, Скепасто) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри северно од Ставрос и 71 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 661 метри.

Сулево опфаќа површина од 30 квадратни метри.[2].

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во 19 век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 110 жители Турци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во селото живееле 50 жители[4]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било прекрстено во Скепасто.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 87 жители бегалци и со население од 389 луѓе[5], додека во 1940 година селото броело 598 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 834 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 621 жители, во 1971 година имало 460 жители, во 1981 година имало 470 жители, додека во 1991 година имало 470 жители[6]. Денеска, населението на селото е 322 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 598 834 621 460 470 526 425 322
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]