Аспровалта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аспровалта
Ασπροβάλτα
Asprovalta panorama.JPG
Аспровалта is located in Грција
Аспровалта
Аспровалта
Местоположба во областа
Аспровалта is located in Бешик
Аспровалта
Местоположба на Аспровалта во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 23°42′E / 40.717° СГШ; 23.700° ИГД / 40.717; 23.700Координати: 40°43′N 23°42′E / 40.717° СГШ; 23.700° ИГД / 40.717; 23.700
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаСвети Ѓорѓија
Надм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.838
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 14
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Аспровалта (грчки: Ασπροβάλτα) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Аспровалта била дел од општина Агиос Георгиос[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 78 километри источно од Солун и на 8 километри северно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, на западниот брег од Струмски Залив во подножјето на Богданска Планина.

Аспровалта опфаќа површина од 25 квадратни метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Археолозите при археолошките ископувања утврдиле дека местото било населено уште од хеленистичкиот период и е познато дека во римско време Вија Егнација премувала низ регионот. Според еден документ од манастирот Симонопетра, населбата била изградена во почетокот на XVI век.

Во XIX век Аспровалта било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 85 жители Турци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 98 семејства и со 347 жители[5], додека во 1940 година селото броело 505 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 785 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 670 жители, во 1971 година имало 691 жители, во 1981 година имало 1466 жители, додека во 1991 година имало 2366 жители[6] а во 2001 имало 2997 жители. Денеска, населението на селото е 2838 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 505 785 670 691 1466 2366 2997 2838
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  4. Официјално мрежно место на Агиос Георгиос
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  6. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]