Прејди на содржината

Црква „Св. Марина“ - Рендина

Координати: 40°39′10″N 23°36′34″E / 40.65278° СГШ; 23.60944° ИГД / 40.65278; 23.60944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Марина
Αγίας Μαρίνας
Поглед на црквата
Карта
40°39′10″N 23°36′34″E / 40.65278° СГШ; 23.60944° ИГД / 40.65278; 23.60944
МестоРендина, Лагадинско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Завршена1869
Управа
Архијерејско намесништвоСтавроско-олимпијадска
ЕпархијаЕрисовско-светогорско-ардамерска

Света Марина (грчки: Αγίας Μαρίνας) — црква кај селото Рендина, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа јужно од селото. Има забележителна архитектура. Претставува еднокорабен храм во византиски стил со купола. Изградена е во 1869 г. од епирски мајстори, автори на црквата „Св. Димитриј“ во Горно Ставрос, како што е означено на натпис на црквата. Храмот е подигнат врз урнатините на постара градба, веројатно храмот на Артемида во древниот град Аретуса. Султанот на црквата ѝ дал 400 декари обработливо земјиште. Реставрирана е по 1980 г.[1][2]

Во црквата е најдена икона од 1864 г. на која е претставен прочуениот борец Лиј (на неа наречен Леон), познат од судбината на Димитрија Солунски.[3]

Во 1969 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Αγία Μαρίνα“. Strymonikos Online. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 5 јуни 2014.
  2. „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 13 јуни 2014.
  3. Божков, Атанас (1981). Художественото наследство на манастира Зограф. „Наука и изкуство“. стр. 209. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)
  4. „ΥΑ 27702/25-1-1969 - ΦΕΚ 84/Β/5-2-1969“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 1 јули 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]