Четирска Река

Координати: 40°31′03″N 21°11′39″E / 40.5174° СГШ; 21.1943° ИГД / 40.5174; 21.1943
Од Википедија — слободната енциклопедија
Четирска Река
Ανω Ρέμα
Местоположба
ЗемјиГрција, Албанија
КраиштаНестрамско, Егејска Македонија
Деволско, Албанија
Костурско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоГал’мбица
 • координати40°27′10″N 20°58′14″E / 40.4529° СГШ; 20.9706° ИГД / 40.4529; 20.9706
Устие 
 • место
Рулска Река
 • координати
40°31′03″N 21°11′39″E / 40.5174° СГШ; 21.1943° ИГД / 40.5174; 21.1943
Должина43,7 км
Особености на сливот

Четирска Река[1][2] (грчки: Ανω Ρέμα, порано: Κόρε ρέκα, Горе Река; албански: Lum i Shagut, во превод Шачка Река) — река во Костурско, Егејска Македонија и Деволско, Албанија. Таа е десна притока на Рулска Река (почеток на Бистрица). Реката е северна граница на планината Алевица од нејзиното навлегување на албанска територија до влевањето во Рулска Река.

Описан[уреди | уреди извор]

Извориштето на Четирската Река е во планината Гал’мбица (Алевица), под врвот Мала Алевица на 1.460 м.н.в., јужно од селото Ревани.

Реката ја напушта ридестата котлина кај Ревани на север и навлегува во длабока шумовита клисура на територијата на Албанија. Кај с. Брачани свртува на исток и правејќи голем свиок околу сртот Крастава (најсеверниот разгранок на Алевица), поаѓа обратно на југоисток и повторно влегува во Егејска Македонија. Четирска Река ја напушта клисурата кај с. Долно Папратско и навлегува во Четирското Поле кај с. Ошени.

Завршува како притока на Рулска Река кај с. Четирок и има вкупна должина од 43,7 км.[3][4][5][6][7][8]

Револуционерот Георги Христов напишал за Четирска Река:

Нејзината притока [на Бистрица] р. Четирска отпочнува од аголот меѓу разграноците на Гал’мбица, врви на с[евер] по длабока наопислива клисура, се извива над с. Невеселени полукружно и откако ќе ги прими водите на голе­миот извор под с. Лабаница зема ј[уго]и[источен] правец кај с. Г[орно] Папратско, го образува вториот помал завој, навлегува во убавиот Ошански Кланец и задржувајќи ја источната насока се среќава со р. Бистрица, на која ѝ ги доверува нејзините води. Четирска Р[ека], која тече по прекрасни клисури, долови и долини влегува во Рупишко целосно само со подрачјето околу нејзиното корито и десни притоки.[9]

Имиња[уреди | уреди извор]

Во горното течение Четирска Река го носи денешното грчко име Потами (Ποταμοί, во прев. „Река“). Во делот околу сртот Крастава се нарекува Шак или Шаг истоименото село Шак, и Новоселска Река по името на поранешното Ново Село. Откако ќе излезе од клисурата кај с. Долно Папратско, го носи името Горе Река, што е грчко преиначување на македонското Горна Река. На 5 мај 1969 г. властите го смениле името од Κόρε ρέκα во Ανω Ρέμα со истото значење, но на грчки.[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  2. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 17, 21. ISBN 954-90993-1-8.
  3. Топографска карта Sheet D4 Korçë, GSGS 4439 Series Reproduced from M.D.R. 610/9877. Greece (Albania) 1:100,000, 1944
  4. „Топографска карта, Лист 831 Лерин, серија „ТК100" 1:100,000 на Војногеографски институт, ЈНА, 1987“. Архивирано од изворникот на 2022-04-03. Посетено на 2021-09-24.
  5. Топографска карта, серија „Генеральный штаб ВС СССР“, размер 1:50 000, лист К-34-126-Б, Горица (Корча), 1988.
  6. Топографска карта, серија „Генеральный штаб ВС СССР“, размер 1:50 000, лист К-34-127-А, Капештица, 1988.
  7. Топографска карта, серија „Генеральный штаб ВС СССР“, размер 1:50 000, лист К-34-126-Г, Ревани (Дипотамија), 1988.
  8. Топографска карта, серија „Генеральный штаб ВС СССР“, размер 1:50 000, лист К-34-127-В, Нестрам (Несторио), 1988.
  9. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 21. ISBN 954-90993-1-8.
  10. „Διατάγματα. Β. Διαταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 713. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)