Црна Река (Егејска Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црна Река
Στραβοπόταμος
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајЕниџевардарско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПајак
 • координати40°59′30″ N; 22°15′09″ E / 40.9917° СГШ; 22.2526° ИГД / 40.9917; 22.2526
Устие 
 • место
Вардар кај Валгаци
 • координати
40°56′53″ N; 22°35′30″ E / 40.9480° СГШ; 22.5917° ИГД / 40.9480; 22.5917Координати: 40°56′53″ N; 22°35′30″ E / 40.9480° СГШ; 22.5917° ИГД / 40.9480; 22.5917
Особености на сливот
Црна Река (Егејска Македонија) во рамките на Постол (општина)
извор
утока

Црна Река (Бојмија Дере, Бојмица или Бојмичка Река[1]; грчки: Στραβοπόταμος)[2] — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија. Реките Грамоштица и Црна, како и помалата Валеараци го оцртуваат среднишниот дел на планината од запад и од исток. Во овој дел се врвовите Поглед (1.650 м), Бајраците (1.420 м), Голата Чука (1.307 м), Кашпот (1.300 м), Гацови Митеризи и други. Источниот дел на планината е сместен меѓу Црна Река и Љубница.[1][3]

Реката започнува под името Мирџана во источниот дел на планината Пајак, но вистински се образува во котлината на Голема Ливада од неколку мали потоци кои извираат под врвовите Јуручка и Круска. Тече на исток, подвојувајќи ги северниот и јужниот дел на Пајак. Јужно под врвот Паларци (729 м) свртува на југоисток и минува западно крај селото Црна Река наречено по неа. Во овој дел на грчки се нарекува Мавро Рема, што е превод на македонското име. Кога ќе излезе од планината северно од градот Гуменџе ја прима првата поголема притока, Голема Река (десна), па свртува на североисток. Под возвишението Алба Катра (192 м) повторно свртува на исток. Тука се нарекува Голема Река (Мегало Потами). Ја прима левата притока Латомирица, па кај селото Горгопик свртува на југоисток. Овде се нарекува Горгопска Река. Северно од селото Валгаци пак свртува на исток и се влева во Вардар.[4]

Притоки[уреди | уреди извор]

→ лева, ← десна

  • → Гува
  • → Валисака
  • → Синистра
  • ← Валисофто
  • ← Голема Река
  • ← Фусирела
  • ← Мицков Дол
  • → Владимирица (Латомирица)
  • ← Вале Маре
  • → Паделишта
  • → Стридол
  • ← Мицков Дол

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Шалдевъ, Христо (1930). „Областьта Боймия в Югозападна Македония“ (PDF). Македонски прегледъ. София: Издава Македонскиятъ наученъ институтъ. VI (1): 52.
  2. Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 440. ISBN 978-960-86676-6-2.
  3. Бабев, Иван (2009). Македонска голгота. София: ТАНГРА ТанНакРа ИК. стр. 92. ISBN 978-954-378-050-1.
  4. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“