Кастанија (Берско)

Координати: 40°24′N 22°07′E / 40.400° СГШ; 22.117° ИГД / 40.400; 22.117
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кастања
Καστανιά
Црквата „Св. Богородица Сумела“ во близина на селото
Црквата „Св. Богородица Сумела“ во близина на селото
Кастања is located in Грција
Кастања
Кастања
Местоположба во областа
Кастања во рамките на Бер (општина)
Кастања
Местоположба на Кастања во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°24′N 22°07′E / 40.400° СГШ; 22.117° ИГД / 40.400; 22.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&100000000000010800000001,080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно84
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кастања (грчки: Καστανιά, Кастанија; книжевно: Καστανέα, Кастанеја) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено 18 километри јужно од градот Бер, крај самиот пат што води кон Кожани, на надморска височина од 1.080 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 53 квадратни километри.

Сместено е на јужните падини на планината Каракамен. На 2 километри од селото се наоѓа манастирот „Св. Богородица Сумела“.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во минатото претставувало влашка населба. Селото по 1913 година целосно пропаднало, поради што во пописот спроведен во 1920 година, воопшто не било забележано како населба.[2]

Во периодот по 1923 година, грчките власти населиле најпрвин 39 бегалски семејства, а подоцна и повеќе други, со вкупно 163 жители.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Жители на селото се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живеат 400 Власи христијани.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кестанија (Kestania) имало 90 Власи.[4]

Во 1910 година во селото живееле 80 жители.[5] На пописот во 1912 година, селото е забележано како влашко и христијанско.[6]

Во пописот од 1913 година е забележано само со 110 жители. Малку подоцна, сосема се распаднало, поради што и во пописот од 1920 година воопшто не е запишано како населба. Селото било обновено по 1923 година, кога тука биле населени 39 бегалски семејства со вкупно 163 жители, колку што броело во 1928 година. Малку подоцна, тука биле сместени и други семејства, поради што бројот на жителите во 1940 година пораснал на 402. Во 1951 година, Кастања имала 355, во 1961 година 204 жители. Во 1971 година, поради помасовното иселување во поголемите градови, бројот на жители опаднал на 147, во 1981 година на 92, а во 1991 година повторно пораснал на 237 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 136 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 84 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 402 355 204 147 92 237 136 84
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кастања, во кој покрај селото Кастања се наоѓа и селото Црковјани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
  3. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 224-225.
  5. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.