Синан-бегов мост
Изглед
Синан-бегов мост Γέφυρα του Σινάν Μπέη | |
---|---|
Координати | 40°31′15″N 22°11′55″E / 40.52083° СГШ; 22.19861° ИГД |
Преминува | Ана Дере |
Место | Бер, Егејска Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 20 м |
Ширина | 2,1 м |
Висина | 12,4 (10,6 + 1,8) м |
Најдолг распон | 10 м |
Распони | 1 |
Историја | |
Завршен | 1585/1586 |
Местоположба | |
Синан-бегов мост (грчки: Γέφυρα του Σινάν Μπέη), Карахмедов мост[1] (Γεφύρι Καραχμέτ(η) или Барбутски мост[2] (Γεφύρι Της Μπαρμπούτας) — стар камен мост во градот Бер, Егејска Македонија. Ја преминува реката Ана Дере (Трипотамос), на улицата „Евреи Мартирес“. Изграден е во 1585/1586 г. Споменат е во патописот на Евлија Челебија од XVII век:
„ | Украсниот мост е зајакнат во 994 (1585/1586) година... Градителот на мостот ја употребил сета своја творечка моќ... На око можеби изгледа мал, но голем е колку Мостарскиот мост во Хесек и си личат еден на друг. Личи на виножито високо четириесет сажни. Ова е навистина прекрасно уметничко дело кое заслужува да се види.[3] | “ |
Конструкцијата на мостот е реставрирана и додадени се метални огради.[3]
Литература
[уреди | уреди извор]- Μπελληγιάννη, Γιώργος και Έυη (2011). Πέτρινα τοξωτά γεφύρια της Ελλάδας. Μίλητος. стр. 122.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Το ήξερες; Ποια είναι η Γέφυρα «Καραχμέτ» στη Βέροια;“. Βεροιώτης. 23 март 2018. Посетено на 7 ноември 2019.
- ↑ „Γεφύρι Καραχμέτ(η) ή Γεφύρι Της Μπαρμπούτας“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 7 ноември 2019.
- ↑ 3,0 3,1 „Çelebi Sinan Bey Bridge“. Traces of Ottoman. Архивирано од изворникот на 2014-05-08. Посетено на 8 мај 2014.