Маврово (Костурско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маврово
Μαυροχώρι
Маврово се наоѓа во Грција
Маврово
Координати: 40°52′ СГШ 21°32′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Костурски округ
Општина Костур
Општ. единица Костур
Надм. вис. 618 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно 1.409
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)

Ма̀врово (грчки: Μαυροχώρι, Маврохори, до 1928 Μαύροβο, Маврово)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри северно од градот Костур (Касторија) на брегот од Костурското Езеро во историско-географската област Корешта. Селото се наоѓа на надморска височина од 618 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 15 век во Маврово биле евидентирани 178 глави на домаќинства[3]Во османлиските даночни регистри од средината на 15 век Маврово е споменато со 108 глави на семејства и 10 неженети:

Вкупниот приход за империјата од селото изнесувал 6.980 акчиња.[4]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Маврово се состоело од 75 семејства со 250 жители Македонци[5][6]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Маврово имало 325 жители Македонци, 450 Турци и 230 Грци[5][7].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 966 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[5][8][9]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 1200 Грци и 800 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 50 турски и 150 грчки семејства[10].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 854 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1062 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Маврохори.[12].

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[13].

Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 1065 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 1272 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1177 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1244 жители, во 1971 година имало 1104 жители, во 1981 година имало 1372 жители, додека во 1991 година имало 1387 жители[15]. Денеска, населението на селото е 1409 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1272 1177 1244 1104 1372 1387 1409 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


== Личности ==а

Хрисос Бивулас
Родени во Маврово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μαυροχώρι
  3. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  4. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 89, 90.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  9. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.
  10. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  11. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 26. 
  12. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  13. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  14. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  15. Folketeljing 2011, revidert
  16. 16,0 16,1 16,2 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 633.