Дуски мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дуски мост
Γεφύρι Δοτσικού
Мостот во с. Дуско
Координати40°7′37″N 21°8′13″E / 40.12694° СГШ; 21.13694° ИГД / 40.12694; 21.13694Координати: 40°7′37″N 21°8′13″E / 40.12694° СГШ; 21.13694° ИГД / 40.12694; 21.13694
ПреминуваДуска Река
МестоДуско, Гребенско, Егејска Македонија
Зашт. статусспоменик на културата
СледенДелвински мост
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина24 м
Ширина2,4 м
Висина4 м
Распони1
Историја
Завршен1870-ти
Местоположба
Карта

Дуски мост (грчки: Γεφύρι Δοτσικού) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1]

Мостот ја преминува Дуска Река, лева притока на Венетик, на венецот Пинд. Сместен е на надморска висина од 1.600 м во гребенското село Дуско, на 25 км северозападно од градот Гребен. Ги поврзува двете селски маала, кои се раздвоени од реката. Има еден лак со должина од 24 м, ширина од 2,4 м и висина од 4 м. Изграден е во 1870-тите години од Јоргос Јулас Митаков од с. Лунци и неговата тајфа.

Во 1985 г. е прогласен за заштитен историски споменик како значаен пример за османлиската архитектура.[2] Во 1990 г. е прогласен и за споменик на културата.[3][1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Γεφύρι Του Δοτσικού“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 6 ноември 2019.
  2. „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ36/35065/787/8-8-1985 - ΦΕΚ 629/Β/18-10-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-03-29. Посетено на 4 август 2015.
  3. „Γεφύρι Δοτσικού“. goGrevena.com. Посетено на 1 мај 2014.