Љатички мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љатички мост
Γεφύρι Λιάτισσας
Координати40°0′29″N 21°17′37″E / 40.00806° СГШ; 21.29361° ИГД / 40.00806; 21.29361Координати: 40°0′29″N 21°17′37″E / 40.00806° СГШ; 21.29361° ИГД / 40.00806; 21.29361
ПреминуваВелонија
МестоСпилио, Гребенско, Егејска Македонија
Зашт. статусспоменик на културата
ПретходенКацојанев мост
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина10 м
Распони1
Историја
Завршен1800
Местоположба

Љатички мост (грчки: Γεφύρι Λιάτισσας), Спилиски мост (Γεφύρι Σπηλαίου) или Ајдучки мост (Γεφύρι του Κλέφτη) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1]

Мостот ја преминува реката Велонија пред нејзината утока во Венетик откако ќе ја помине клисурата Портица. Се наоѓа на неколку километри североисточно од гребенското село Спилио и го поврзува со селата Рјахово, Пелеохор и Козмат. Има еден лак со распон од 10 м. Според едно предание, изграден е од ајдук по име Љатистас, кој бегајќи од Турците ја прескокнал реката, претходно зарекувајќи се дека ако успее, тука ќе изгради мост.[2] Според друго предание, името потекнува од албанскиот збор љатиса, што значи леска, поради тоа што околината е обрасната со такви дрва.[3] Изграден е околу 1800 г.[1]

Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών (PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 3. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. goGrevena.com http://gogrevena.com/index.php?option=com_content&view=article&id=79:2009-03-22-20-43-20&catid=20:2009-02-17-19-03-56&Itemid=75. Посетено на 1 мај 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. „Γεφύρι Λιάτισσας (Σπηλαίου ή Του Κλέφτη)“. Περιφερειακη Ενοτητα Γρεβενων. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 1 мај 2014.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Занемарен непознатиот параметар |acccess-date= (help)