Ставропотамски мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ставропотамски мост
Γεφύρι Σταυροποτάμου
Γεφύρι Σταυροποτάμου.jpg
Поглед на мостот
Координати39°59′8.3″N 21°22′44.7″E / 39.985639° СГШ; 21.379083° ИГД / 39.985639; 21.379083Координати: 39°59′8.3″N 21°22′44.7″E / 39.985639° СГШ; 21.379083° ИГД / 39.985639; 21.379083
ПреминуваСтавропотамос
МестоКипурѓо, Гребенско, Егејска Македонија
Зашт. статусспоменик на културата
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина48 м
Ширина3,7 м
Висина6,9 м
Распони4
Историја
Завршен1880
Местоположба

Ставропотамски мост (грчки: Γεφύρι Σταυροποτάμου) или Кипурски мост (Γεφύρι Κηπουρειού) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1][2]

Мостот ја преминува реката Ставропотамос, десна притока на Венетик. Се наоѓа кај гребенското село Кипурѓо, на 20 км југозападно од градот Гребен. Изграден е во 1880 г. на патот Мечово - Гребен, точно над утоката на Ставропотамос во Вентик и Спановиот мост. Споменат е од Николаос Схинас во неговите патни белешки издадени во 1886 г.[1]

Има четири нееднакви полукружни лакови, од кои два се главни, а најголем е третиот од јужната страна. Има вкупна должина од 48 м, ширина од 3,7 м и висина од 6,9 м. Освен двата крајни, трите други носачи имат клинест облик за да се спречи создавањето на вртлози пред нив. Во вториот од север има отвор.[3][4][5]

Мостът е ремонтиран во 1960-тите, но без обѕир кон традиционалната архитектура, туку само со цел да се обезбеди неговата безбедна употреба за возила и пешаци — покриен е со бетон и направени се цементни парапети.[6]

Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών (PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 34. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. „Γεφύρι Σταυροποτάμου“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 8 ноември 2019.
  3. „Γεφύρι Σταυροποτάμου (Κηπουρειού)“. goGrevena.com. Посетено на 1 мај 2014.
  4. „Γεφύρι Σπανού“. goGrevena.com. Посетено на 1 мај 2014.
  5. ΜΠΑΤΑΚΟΙΑΣ, ΣΤΕΡΓΙΟΣ, ΚΩΝΣΤΑΝΤΙΝΟΣ ΜΠΟΖΟΒΙΤΗΣ, ΕΛΕΝΗ ΠΑΛΑΣΚΑ, ΘΕΟΔΩΡΑ ΠΑΥΛΙΔΟΥ (2012–13). Γρεβενά-Μικρολίβαδο (PDF) (грчки). стр. 4. Посетено на 1 мај 2014. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)CS1-одржување: датумски формат (link) Архивирано на 2 мај 2014 г.
  6. Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών (PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 35. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  7. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 20 јануари 2015.