Леска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леска
Corylus avellana 0001.JPG
Обична леска (Corylus avellana)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Буковидни
Семејство: Брези
Род: Леска
L.
Видови

во текстот

Ботаничка илустрација на обична леска (C. avellana)

Леска (науч. Corylus) — род на листопадни дрва и големи грмушки автохтони во умерените предeли на северната полутопка. Припаѓа на фамилијата брези (Betulaceae),[1][2][3][4] иако некои ботаничари ги ставаат леските (заедно со габерот и сродниците) во посебната фамилија лески (Corylaceae).[5][6] Плодот на леската се нарекува лешник,[7] а местото со лески се нарекува „лескарник“.[8]

Леската има прости заоблени листови со двојно назабени рабови. Цветовите излегуваат рано напролет, пред разлистувањето. Дрвото е еднодомно, со еднополови реси. Машките реси се светложолти, долги 5–12 см, додека пак женските се многу мали и скриени во пупките, и видлив им е само крајот. Плодовите (лешници) се оревести, со големина од 1–2,5 см и пречник од 1–2 см. Покриени се делумно или целосно со чашковидна обвивка.[3] Обликот и составот на обвивката се показател за распознавање на видот.[3]

Во Македонија автохтони се обичната леска (C. avellana) и дивата леска (C. colurna).[9]

Видови[уреди | уреди извор]

Леската има 14–18 вида:

  • Corylus americana — американска леска, источна Северна Америка
  • Corylus avellana — обична леска, Европа и западна Азија
  • Corylus heterophylla — разнолисна леска, Азија
  • Corylus yunnanensis — јинанска леска, централна и јужна Кина
  • Corylus colchica — колхидска леска, Кавказ
  • Corylus cornuta — рогата леска, Северна Америка
  • Corylus maxima — цариградска леска, Балкан и југозападна Азија
  • Corylus sieboldiana — Зиболдова леска, североисточна Азија и Јапонија (syn. C. mandshurica)
  • Corylus chinensis — кинеска леска, западна Кина
  • Corylus colurna — дива леска, мечкина леска, турска леска, Балкан, Мала Азија
  • Corylus fargesii — Фаржеова леска, западна Кина
  • Corylus jacquemontii — Жакмонова леска, Хималаи
  • Corylus wangii — Вангова леска, југозападна Кина
  • Corylus ferox — хималајска леска, Хималаи, Тибет, југозападна Кина (syn. C. tibetica).

Постојат и неколку хибриди од видови што припаѓаат на разни оддели на родот.

Употреба[уреди | уреди извор]

Обичната леска се одгледува за лешниците, како храна. Постојат повеќе сорти на цариградска леска како украсно растение во градините и парковите, како оние со извиткани стебла (C. avellana 'Contorta'), жални гранки (C. avellana 'Pendula') и виолетови листови (C. maxima 'Purpurea').

Леската е традиционален материјал за правење на кошари, огради за трла и кошници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Леска (Corylus) — GRIN (англиски)
  2. Chen, Z.-D. et al. (1999). Phylogeny and evolution of the Betulaceae as inferred from DNA sequences, morphology, and paleobotany. Amer. J. Bot. 86: 1168–1181. достапно тука
  3. 3,0 3,1 3,2 Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9.
  4. Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening. Macmillan ISBN 0-333-47494-5.
  5. Bean, W. J. (1976). Trees and Shrubs Hardy in the British Isles 8th ed., vol. 1. John Murray ISBN 0-7195-1790-7.
  6. Erdogan, V. & Mehlenbacher, S. A. (2002). Phylogenetic analysis of hazelnut species (Corylus, Corylacae) based on morphology and phenology. Sist. Bot. Dergisi 9: 83–100.
  7. „лешник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  8. „лескарник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  9. „Леска“. Македонска енциклопедија книга : стр. 759. (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]