Кајак на диви води

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кајак и кану на диви води е спорт на вода во кој натпреварувачите веслаат во чамци на извесни одредишта. Постојат две главни видови на чамци за овој спорт, а тоа се кајак и кану. Разликата е во тоа што кај кајакот секој веслач користи весло со две лопатки, додека кај кануто се користи весло со една лопатка.

Во однос на другите водени спортови кои вклучуваат натпреварување со кајак и кану, кајак и кану на мирни води, натпреварувањето на 'диви води' се одржува најчесто на брзи реки,каде што има бранови, витли, водопади и др. Постојат и вештачки стази за една дисциплина на овој спорт, а тоа е слалом.

Дисциплини[уреди | уреди извор]

Натпреварувач во кајак на диви води

Кајак и кану на диви води вклучува две основни дисциплини: слалом и спуст. Во секоја од овие дисциплини натпреварувањето се одвива во следните категории:

  • Ц-1 (кану) мажи
  • Ц-2 (кану двосед) мажи
  • К-1 (кајак) мажи
  • К-1 (кајак) жени

Слалом е олимписка дисциплина каде натпреварувачите преоѓаат зададена стаза која се состои од 20-30 врати. Вратите се два вертикални столба кои се прицврстени и висат на жица која е растегната над стазата. Вратите мора да се поминат по зададен редослед, така што поединечни врати треба да се поминат низводно, односно спротивно од течението на реката, а други по течението на реката, а понекогаш вратите се поставуваат така што чамецот вратата треба да ја помине наназад. Бојата на вратата го означува начинот на поминување, кога е зелена - се движи по течението, ако е црвена - поминува спротивно од течението, додека вратата низ која треба да се помине наназад има ознака Р. Секое погрешно поминување или допирање на вратата се казнува со додавање на временска казна на вкупното време. Вообичаено се поминуваат две возења, па така пласманот се смета спрема оствареното време или спрема подоброто возење од двете возења или пак спрема вкупното време на двете возења.

Спустот е дисциплина во која за што пократко време треба да се помине зададен дел од стазата. Стазата најчесто е со должина од 5 до 8 км која натпреварувачите ја поминуваат за 15-20 минути. Натпреварувањето се одвива така што натпреварувачите стартираат во распон од една минута, времето им се мери, па на крајот се прогласува конечниот редослед. Спустот не е олимпијска дисциплина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]