Стара зграда на Рускиот конзулат во Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара зграда на Рускиот конзулат
Kuka na ul Kliment Ohridskibr37 Bitola.jpg
Други називиКуќа на ул. „Климент Охридски“ бр. 37 и ул. „Пеце Матичевски“ бр. 31
Општи податоци
Статусво функција
Типдвокатна зграда
Стилнеокласична архитектура
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′31.12″N 21°20′2.41″E / 41.0253111° СГШ; 21.3340028° ИГД / 41.0253111; 21.3340028
Завршена1905
НарачателРуски конзулат во Битола

Зграда на Рускиот конзулат — архитектонска знаменитост во градот Битола. Се наоѓа на улица Климент Охридски бр. 37 и Пеце Матичевски бр. 31 и е прогласена за споменик на културата.[1] [2]

Историја[уреди | уреди извор]

Зградата е изградена во 1905 година за Рускиот конзулат во градот.[1] Во 1915 година конзулатот бил затворен.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Зградата е една од најтипичните за архитектурата на почетокот на дваесеттиот век. Има јасни влијанија на неоренесансната и неокласичната архитектура во поделбата на фасадата, распоредот на отворите, украсите и односот на модулите вертикално и хоризонтално.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Некогашниот руски конзулат во Битола“. Бабам Битола. 12 септември 2020. Посетено на 12 септември 2020.
  2. Миновски, Никола, НУ Завод и Музеј - Битола. „Руски конзулат – Конзулска Битола“. Посетено на 15 октомври 2020.
  3. Божиновски, Здравко. „Рускиот императорски конзулат во Битола“. Его. Посетено на 27 јануари 2015.