Габалавци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Габалавци
Габалавци во рамките на Македонија
Габалавци
Местоположба на Габалавци во Македонија
Габалавци на карта

Карта

Координати 41°8′3″N 21°14′27″E / 41.13417° СГШ; 21.24083° ИГД / 41.13417; 21.24083Координати: 41°8′3″N 21°14′27″E / 41.13417° СГШ; 21.24083° ИГД / 41.13417; 21.24083
Општина Битола
Население 69 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02021
Надм. вис. 660 м
Габалавци на општинската карта

Атарот на Габалавци во рамките на општината
Габалавци на Ризницата

Габалавци (на некои места се среќава и како Габалевци) — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Габалавци — село во северниот дел на Општина Битола (до 2004 беше во составот Општина Кукуречани). Од градот Битола е оддалечено 19 километри, а од спомнатиот пат 3,3 километри. Селото се наоѓа лево од патот Битола - Демир Хисар, а на десната страна на реката Шемница. Се работи за ридско село кое се наоѓа на надморска височина од 660 метри. Атарот на селото е мал — само 5,7 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Во периодот од 16 до 19 ноември 1912 година, Габалавци било зафатено од воените дејства за време на Битолската битка за време на Првата балканска војна. Во селото била стационирана турска артилерија која успешно била неутрализирана од српската војска.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимава најмногу со полјоделство (одгледување жито и познатата кукуречанска пиперка). Обработливото земјиште зафаќа 349,3 хектари, пасиштата зафаќаат 291,3 хектари, додека само 8,7 хектари се шуми.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948228—    
1953258+13.2%
1961286+10.9%
1971277−3.1%
1981301+8.7%
ГодинаНас.±%
1991214−28.9%
1994146−31.8%
2002114−21.9%
202169−39.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кобалевци живееле 1.200 жители, сите Македонци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]

Габалавци е мало село и во 1961 година бројот на жители изнесувал 286. Во 1994 година бројот се намалил на 146, сите Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Габалавци живеат 114 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 69 жители, од кои 60 Македонци и 9 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.200 228 258 286 277 301 214 146 114 69
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Габаловци е македонско православно село, во селото има еден староседелски род, а сите останати родови во селото се доселенички.

Родови во Габаловци се:

  • Староседелци: Тодоровци (4 к.)
  • Доселеници: Бечвиновци (6 к.) доселени се однекаде; Шаљевци (2 к.) стари доселеници, не знаат од каде се доселени; Амаловци (5 к.) доселени се од Карамани или Трн; Коминовци (4 к.) доселени се од соседното село Секирани; Јанчевци (1 к.) доселени се од селото Стрежево; Марковци (1 к.) доселени се од Кукуречани; Пузевци (3 к.) доселени се од раселеното село Црн Врв; Могилчани (2 к.) потекнуваат од мајка која ги донела своите деца после премажувањето, она влегла во родот Марковци; Бошковци (3 к.) доселени се 1907 година од раселеното село Кочишта; Мицковци (2 к.) доселени се од селото Граиште во Железник; Марковци (2 к.) доселени се после 1912 година од селото Облаково, каде биле староседелци.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 202 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Облаково.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 114 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[14]
Археолошки наоѓалишта[11]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи основно училиште до IV одделение и има продавница.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 238.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 64 стр.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]