Меџитлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меџитлија
Меџитлија се наоѓа во Republic of Macedonia
Меџитлија
Местоположба на Меџитлија во Македонија
Координати 40°55′59″ СГШ 21°25′59″ ИГД / 
Општина Општина Битола
Население 155 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 585 м

Меџитлија — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Меџитлија се наоѓа на јужната страна на Општина Битола во непосредна близина на државната граница со Република Грција, каде допира со атарот на селото Негочани. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 587 м. Лежи на поле околу 1000 метри северно од денешната македонско-грчка граница. Оддалечено е 16 километри јужно од Битола и 20 километри северно од Лерин. Источно од Меџитлија се наоѓа големото поранешно турско село Кременица. Во минатото припаѓало на Општина Бистрица, а сега на Општина Битола. Населбата била електрифицирана во 1963 година. Вода се добива од бунари. За пиење е добра водата само од еден бунар длабок 12 метри. Некогаш, мештаните употребуваа вода за пиење од Негочанска река(или Орта-дере), која во 50тите години од минатиот век течела низ ова село. Истотака мештаните тоа време, прокопале ново корито и така Негочанска река течела крај селото. Околу селото рамното земјиште е потполно обработено. Имиња на потезите во селото се: Мерелар, Беглар, Чалан-јолу, Дилкемлер, Кочко-пандар, Ахтлар, Гланделер, Коџа-чајлар, Песколар, Били-чаир, Јакан-тарлар, Слатина, Дулга и Пелит. Меџитлија е село од збиен тип. Се дели на седум маала. Во секоја маала живее фамилија од еден род. Имињата на маалите се дадени по имињата на родовите.

Историja[уреди | уреди извор]

Меџитлија во времето на Првата светска војна

Името на селото доаѓа од турското лично име Меџит, кое со текот на времето се модифицирало во сегашното име Меџитлија. Името Месџитли се среќава во турските документи за историјата на македонскиот народ уште во 1637 година. Пред доаѓањето на Турците на овие простори, селото било населено со христијанско население. Името на селото било Могилица. Имале христијански храм и свештеник. Но, во втората половина на 18 век, со доселувањето на Турци во селото, во одреден период живееле сложно и мирно. Подоцна христијаните биле протерани во селата: Драгош, Негочани (денес Ники, во Грција) и во други села. Храмот бил разрушен, а на негово место била изградена постојната џамија. Треба да се напомене и тоа што постарите жители на околните села сеуште го знаат и користат старото име Могилица. После 1952 година имало масовно иселување на Турците и нивно заминување за Турција. Така селото од средна, станува мала населба, а на нивно место се населувале Албанци од селото Кишава.

Економија[уреди | уреди извор]

Минерална вода[уреди | уреди извор]

Селото е од дамнешни времиња познато по своите извори на минерална вода, и уште од Tурците било нарекувано Меџиди-бања.

Во 1968, држејќи семинар на селаните во селото Меџитлија, тогашниот директор на комбинатот Лозар од Битола, случајно го открил природниот извор на минерална вода. Испитувањето на водата и гасот во Германија и Словенија дале воодушевувачки резултати. Испитувањето на гасот покажало дека се работи за СО2 со 99,9 процентна чистота, кој е идеален за газирање на минерална вода, како и за добивање на газирани сокови. Анализите на водата покажале дека самата вода е со идеален состав и хармонична застапеност на минералите, а истовремено питка и вкусна. Во 1971 година на голем конкурс водата го добила името Пелистерка. Првата година биле произведени 17 милиони литри минерална вода.[1]

Изворот и денес се користи за производство на водата Пелистерка.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Меџитлија живееле 500 жители, сите Турци.[2]

Според Димитар Гаџанов, според 1916 година во селото имало 2.400 жители, сите Турци.[3]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 560
1953 679 1 680
1961 3 174 37 1 6 221
1971 37 100 137
1981 1 184 4 4 193
1994 175 175
2002 1 154 155

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во Меџитлија работи училиште за основно образование до 4 одделение.

Литература[уреди | уреди извор]

  • .Турски документи за историјата на македонскиот народ,
  „Опширни пописни дефтери од 15 век, 1973
  • .Д-р Јован Трифуновски, „Битолско-преспанска котлина“, монографска публикација, 1998 год.,стр..137
  • .Никола В. Димитров и Трајко Огненовски, „Битолски регион“,
  • Битола, 2009, стр. 163.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. www.kapital.com.mk Kои се македонските брендови?
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  3. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]