Олевени

Олевени — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Олевени се наоѓа во Пелагонија, јужно од градот Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Во антиката, патот Виа Егнација поминувал преку денешното село Олевени.[2]
Во отоманските документи, селото се споменува во 1636 година (помеѓу 23 август и 1 септември) во еден договор за заем склучен помеѓу вакафот на Ибрахим Челеби и населението од с. Олевени. Заемот изнесува 4.000, а лихвата 600 акчиња.[3]
Селото за првпат се споменува во турски документ и помеѓу 1650 и 1750 година под името Халевени.[4] За време на турското ропство земјата од ова село припаѓала на Сали-ефенди од Битола. Потоа ја наследиле неговите синови и ќерки, па така во 1912 година тука се затекнати 6-7 чифлици чии сопственици биле: Сулеман, Афус и др.[4] Малку своја земја имале само пет семејства: Бошковци, Размови, Ѓорговци, Котевци и Атанасковци.[4] Жителите ја откупиле земјата од 1912 до 1936 година.[4]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Олевени живееле 230 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Олевени имало 176 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според пописот од 2002 година, селото брои 157 жители, од кои 156 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 146 жители, од кои 133 Македонци, 3 Албанци, 1 Србин, 4 останати и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 176 | 279 | 302 | 283 | 295 | 267 | 234 | 154 | 157 | 146 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови[уреди | уреди извор]
Олевени е македонско православно село, во селото живеат родови староседелци и доселеници.
- Староседелски родови: Ѓорговци (9 куќи), Бошковци (9 куќи),Котевци (1 куќи), Атанасковци (2 куќи), и Размовци (1 куќи).
- Доселенички родови: Тасевци (2 куќи) местото на потекло не го знаат; Ласковци (3 куќи) доселени се од селото Новаци, имаат роднини во Путурус, а тоа се Џековци, подалечно потекло од леринско; Марковци (3 куќи) доселени се од Габалавци; Пујовци (3 куќи) доселени се од Барешани, а таму се доселени од селото Клештино, леринскоГабалавци; Николовци (2 куќи) од Бистрица иселени се во Клабучишта, па од таму во Негочани во леринско, и на крај во денешното селоГабалавци; Трпковци (4 куќи), и Тодоровци (3 куќи) доселени се од БарешаниГабалавци; Калимановци (2 куќи) доселени се од Бистрица, подалечно потекло од МариовоГабалавци; Трајковци (1 куќа) од Мариовско се иселиле во Крстоар, а од Крстоар во денешното селоГабалавци; Димовци (2 куќи) и Шамеловци (1 куќа) доселени се од Барешани, првите таму се викале Дујовци, а вторите Анаќијовци
Роми: Рамадан (1 куќа) и Мазлам (1 куќа) доселени се 1950 година од Ресен.[4]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 151 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 114 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[15]
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Илија“ - се наоѓа западно од селото на место каде некогаш се наоѓало старото село. Изградена е во 1936 година;
- Црква „Св. Ѓорѓи“;
- Црква „Св. Атанас“ - се наоѓа западно од селото на место каде некогаш се наоѓало старото село. Изградена е во 1936 година;
- Црква „Св. Петка“ - се наоѓа западно од селото на место каде некогаш се наоѓало старото село. Изградена е во 1936 година;
- Црква „Св. Ана“ - се наоѓа западно од селото на место каде некогаш се наоѓало старото село. Изградена е во 1936 година;
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Св. Ана — осамен наод од хеленистичко време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Вија Егнација - Олевени, Посетено на 2021-08-06
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.29
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 210–211.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 236.
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 168 – 169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069