Драгожани
Драгожани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Пелагонија, поточно во Битолското Поле, од левата страна на патот Битола - Демир Хисар - Кичево.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгожани живееле 130 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгожани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Драгожани брои 156 жители, од кои 155 Македонци и 1 останат.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130[1] | 80[2] | 392 | 476 | 494 | 468 | 475 | 258 | 209 | 156 |
Родови[уреди | уреди извор]
Драгожани е македонско православно село, во кое живеат доселенички родови. Селото потекнува од првата половина на XIX век.
Родови во Драгожани се:
- Доселеници: Марковци (4 к.), доселени се од Дебарско, го знаат следното родословие: Фидан (жив на 20 г. во 1951 година) Пере-Толе-Трајче-Марко кој се доселил во селото; Димовци (9 к.), доселени се од Охридско, овде живеат од кога и Марковци; Ќепенковци (8 к.), доселени се кога и претходните родови од прилепското село Чепигово; Љаковци (3 к.), стари деленици се од Ќепенковци; Домазетовци (9 к.), доселени се од Крушево или Крушевско кога и претходните родови; Бујуковци (2 к.), доселени се однекаде, овде живеат од втората половина на XIX век; Каровци (12 к.), потекнуваат од браќата Митре и Аце, доселени се кога и Бујуковци од селото Беранци; Колтовци (2 к.), доселени се на крајот од XIX век од селото Базерник во Железник; Трајковци (4 к.), Лазаровци (2 к.) и Најдановци (1 к.), најмлади родови во селото доселени се 1905 година од раселеното село Кочишта.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[8]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква, изградена во втората половина на XIX век;
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Поројница — населба од римско време;
- Вакафски Ледиње — црква од средниот век;
- Во Селото — некропола од средниот век;
- Дабички — црква од средниот век;
- Губерница — населба од средниот век;
- Дабје — некропола од средниот век;
- Кочишта — населба, црква и некропола од средниот век;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 238.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.166-167.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 270–271.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069