Црновец
Црновец | |
Координати 41°9′20″N 21°13′28″E / 41.15556° СГШ; 21.22444° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 31 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02122 |
Црновец на општинската карта Атарот на Црновец во рамките на општината | |
Црновец на Ризницата |
Црновец (познато и како Црнеец) — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во крајниот западен дел на Битолското Поле, оддалечено 20 километри северно од Битола.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Црновец било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црновец живееле 500 жители, сите Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци и 100 Турци.[4]
Црновец било средно по големина село, коешто во 1961 година имало 636 жители, а во 1994 година 124 жители, од кои 95 биле Македонци, 18 Албанци, 1 Турчин и само 1 останат.
Според пописот од 2002 година, селото Црновец брои 86 жители, од кои:[5] 66 Македонци, 18 Албанци, 1 Турчин и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 14 Македонци, 12 Албанци и 5 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 679 |
1953 | 614 | — | 31 | — | — | — | ... | 31 | — | 676 |
1961 | 584 | — | 51 | ... | ... | — | ... | 1 | — | 636 |
1971 | 526 | 1 | 34 | — | ... | — | ... | 10 | — | 571 |
1981 | 514 | 52 | 1 | — | — | — | ... | 48 | — | 577 |
1991 | 221 | 29 | 3 | — | — | — | — | 2 | — | 255 |
1994 | 95 | 28 | — | — | — | — | — | 1 | — | 124 |
2002 | 66 | 18 | 1 | — | — | — | — | 1 | — | 86 |
2021 | 14 | 12 | — | — | — | — | — | — | 5 | 31 |
Родови
[уреди | уреди извор]Црновец е мешано македонско православно и албанско муслиманско село, селото до почетокот на XIX век било чисто македонско село, но во селото почнале да се населуваат Албанци муслимани, и Македонците почнале постепено да се иселуваат. Се знае за македонски родови иселени во селата Стрежево, Црнобуки, Габаловци, итн. Денес во селото сите родови се доселенички, македонските родови се најмлади.
Родови во селото Црновец се:
Албански:
- Доселеници: Имеровци (2 куќи), Мерсимовци (2 куќи), Нуриовци (1 куќа), Зиберовци (1 куќа), Аќифовци (1 куќа), и Рашитовци (1 куќа) доселени се од јужна Албанија, они се Тоски. Црновец е најсеверното тоскиско село во Битолско; Фетовци (1 куќа) доселени се од некое село во Кичевско.
Македонски:
- Доселеници од разни места: Бундалевци (2 куќи) доселени се од мијачкото село Галичник; КосТурци (2 куќи) доселени се од Вмбел во костурско; Дојчиновци (3 куќи) доселени се од Габаловци, каде припаѓале на родот Марковци, чие е подалечно потекло од Кукуречани; Гроздановци (2 куќа) доселени се од Стрежево, каде имаат истоимен род кои се староседелци; Цветковци (2 куќи) доселени се од Метимир, каде биле староседелци; Станојовци (8 куќи), Секуловци (8 куќи), Лозановци (3 куќи), Милевци (3 куќи), Дамчевци (2 куќи), и Гоговци (2 куќи) доселени се од Облаково, каде биле староседелци.
- Доселеници од Железник: Черкезовци (5 куќи), Стевановци (3 куќи), Гајтановци (3 куќи), Јаневци (2 куќи), Мечкаровци (2 куќи), Ѓорговци (2 куќи), Танчевци (1 куќа), Даљановци (1 куќа), Талевци (1 куќа), Магденовци (1 куќа), Кусо Талевци (1 куќа), Здравевци (1 куќа) и Шатевци (1 куќа) доселени се од Боиште; Куркановци (3 куќи), Костадиновци (3 куќи), Сајковци (2 куќи), Мицковци (5 куќи), и Симевци (1 куќа) доселени се од Лесково; Димитријевци (2 куќи), и Исајловци (1 куќа) доселени се од Железнец; Матлијевци (2 куќи) потекнуваат од Смилево, од Смилево најпрво се населиле во Боиште, па од Боиште во Црновец; Радевци (4 куќи) доселени се од Бабино; Вељановци (3 куќи) и Димовци (1 куќа) доселени се од Базерник; Најдовци (2 куќа) доселени се од Илино (Големо или Мало); Најдановци (2 куќи), Јанкуловци (2 куќи), и Дојчиновци (1 куќа) доселени се од Доленци; Цветановци (2 куќи) доселени се од Зашле; Смилевци (3 куќи) и Спасевци (1 куќа) доселени се од Жван; Наумовци (3 куќи) доселени се од Церово; Каранџуловци (1 куќа) доселени се од Сопотница; Коштревци (1 куќа) доселени се од Смилево.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[8]
- Црква „Вознесение Христово“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Петар и Павле“ — манастирска црква;
- Археолошки наоѓалишта
- Пасјак — населба од доцноантичко време;[9]
- Старо Село — населба од средниот век;[9]
- Стара Црква — наоѓалиште од непознат тип и период;[10]
- Манастириште — наоѓалиште од непознат тип и период;[10]
Личности
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]По 1912 година голем број од албанското население се иселило од селото. Од 1912 до 1957 година се иселиле вкупно 70 албански семејства во Битола и Турција (сите во Истанбул). Целосно биле иселени следните родови Асановци, Бачевци, Грмолар, Кокалар, Дулевци, Врча, Пашовци и Зуљамовци.[10]
Наводи
[уреди | уреди извор]„Црновец“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 9,0 9,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678