Канино
Канино — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во јужниот дел на Битолското Поле, оддалечено 11 километри јужно од градот Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Канино живееле 250 жители од кои 190 Албанци и 60 Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Канино имало 192 Македонци, патријаршисти[2]
Според пописот од 2002 година, селото има 111 жители, од кои 107 Македонци, 2 Срби и 2 останати.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250[1] | 192[2] | 248 | 256 | 249 | 276 | 268 | 184 | 127 | 111 |
Родови[уреди | уреди извор]
Канино е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото Канино се:
- Староседелци: Јанкуловци (2 куќи), Иљовци (8 куќи), Кузмановци (1 куќа), Трајчевци (1 куќа), Стојчевци (10 куќи), Јовановци (3 куќи), Пелтевци (2 куќи), Николовци (1 куќа) и Нешковци (3 куќи)
- Доселеници: Јанкуловци (7 куќи) доселени се од селото Бистрица; Гроздановци (7 куќи) доселени се од некое село во Преспа; Каракачовци (1 куќа) доселени се од селото Олевени; Димовци (1 куќа) и Толевци (1 куќа) доселени се од селото Породин.[4]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 155 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 88 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[7]
- Црква „Св. Богородица“ - главна селска и гробјанска црква изградена во втората половина на XIX век;
- Археолошки наоѓалишта
- Тумба — населба од брозено време[8];
- Мечкарец - наоѓалиште од непознат тип и период[9];
- Кули - наоѓалиште од непознат тип и период[9];
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Илија Размов - учесник во доброволните чети на Балканските војни[10]
- Миле Димовски (1924-1944) - партизан, учесник во НОБ;
- Никола Тодоровски (1914-1944) - партизан, учесник во НОБ;
- Ристе Спасевски (1925-1944) - партизан, учесник во НОБ;
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ 3,0 3,1 Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 9,0 9,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 37.