Смолево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смолево
Смолево is located in Македонија
Смолево
Местоположба на Смолево во Македонија
Координати 41°00′29.7″N 21°19′06.6″E / 41.008250° СГШ; 21.318500° ИГД / 41.008250; 21.318500Координати: 41°00′29.7″N 21°19′06.6″E / 41.008250° СГШ; 21.318500° ИГД / 41.008250; 21.318500
Регион Пелагониски
Општина Coat of arms of Bitola Municipality.svg Битола
Население нема жит.
(поп. 2002)


Смолево — историско село, сместено на планината Баба, југозападно од Битола, помеѓу селата Лавци и Буково. Атарот на ова село денес се води под селото Лавци. Со текот на времето ова село се раселило и денес на селскиот атар постојат црква, археолошки локалитет и мотокрос патека.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Смолево било мало село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смолево имало 5 жители, сите Македонци христијани,[1][2] потчинети на Цариградската патријаршија. Во 1905 г. Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) Смолево имало 24 Македонци, кои сега биле под врховенството на Бугарската егзархија.[1][3]

Културно-историска оставнина[уреди | уреди извор]

Денес од ова село има слаби остатоци и топонимот опстојува во катастарот како земјоделски предел.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  4. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  6. На „Смолево“ крај Битола се возеа мотокрос трки

Надворешни врски[уреди | уреди извор]