Трново (Битолско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваа статија се однесува на битолското село Трново. За други значења, видете Трново (појаснување).
Трново
Houses in Trnovo.jpg

Куќи во Трново

Трново се наоѓа во Republic of Macedonia
Трново
Местоположба на Трново во Македонија
Координати 41°02′38″ СГШ 21°15′00″ ИГД / 
Општина Општина Битола
Население 278 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 835 м
Commons-logo.svg Трново на Ризницата

Трново — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Трново се наоѓа во подножјето на планината Баба, западно од градот Битола.

Историja[уреди | уреди извор]

Трново во почетокот на XX век
Разгледница од почетокот на XX век на која се претставени манастирите од Буково, Трново и Барешани

Трново најпрво било словенско село, на што јасно укажува името на селото. Најстар помен за ова село е од првата половина на XVII век.[1] Власите во Трново се доселиле во втората половина на XVIII заедно со оние во соседното село Магарево.[1] Најпрво се доселила една група Албанци муслимани од околината на Корча, а потоа се доселиле две побројни групи: Власи од Москополе, Грамос и Клисура и православни Албанци од околината на Корча и Колоња.[1]

Трново во XX век[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 20 век, Трново било во најголем процут од неговото постоење. Во центарот биле сместени занаетчиски, трговски дуќани и фурни. Но, егзодусот што им се случил на жителите што биле од Москополе се повторил за време на војната. Тука минувала линијата на фронтот на завојуваните страни. Бугарите ги интернирале жителите од селото, а француската артилерија ги разурнала сите куќи. Според хроничарот Такец, Винстон Черчил забележал дека во борбите за Битола и околината од двете противнички страни стоеле под оружје по 190.000 војници со по околу 900 топови. Сојузниците под командата на генералите Сарај и Милн во Битола влегле во почетокот на ноември задржувајќи ја линијата на фронтот во непосредна близина на градот неполни две години. Поради изменетите услови за живеење и разурнатото село голем дел од жителите се иселиле во Битола, Србија, Грција, особено во Лерин, Романија, Бугарија и во други држави. Според истражувањата на Кокан Грчев во текот на воените операции разурнати се голем број манастири и цркви. Во декември 1916 година голем број објекти во селото Трново како и старата црква Света Богородица подигната во 1837 година се целосно разурнати и срамнети со земја. Повторното населување почнува во 1919 година кога почнува изградбата на разурнатото село. Во 1926 година се добиени одредени средства во вид на воена отштета, а се собрани и доброволни средства од Битола и околните села со што е овозможено да почне изградбата на црквата. Иконостасот во црквата е изработен од Мијакот Нестор Алексиевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена е камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолчанец иселеник во САД.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година селото има 278 жители и тоа:[2]

Националност Вкупно
Македонци 146
Албанци 82
Турци 0
Роми 0
Власи 48
Срби 1
Бошњаци 0
други 1

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 309
1953 125 41 39 101 306
1961 170 10 55 ... 57 292
1971 186 44 39 ... 78 347
1981 223 74 19 13 7 336
1991 189 96 14 1 300
1994 187 87 22 3 299
2002 146 82 48 1 1 278

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[4]
Археолошки локалитети[5]


Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Саем на локални производи - се одржува секоја година со цел за подобрување на животните услови на руралното население во потпланинскиот регион преку идентификација, промоција на локалните производи, развој на алтернативниот туризам и одржливост на природните ресурси[7].

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 231-232. 
  2. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  6. „В недела во Трново традиционалната погранична средба“ (на македонски). MIA. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=66305116&lId=1. посет. 31 јануари 2010 г. 
  7. „Саем на локални производи во Трново“ (на македонски). MakMreza. http://crash.www.makmreza.com/Doma/index.php?option=com_content&view=article&catid=81:bitola&id=163:saem-trnovo&Itemid=197. посет. 31 јануари 2010 г. 
  8. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995.
  9. Ντίνος Χριστιανόπουλος, ΄Ελληνες ποιητές σε μακεδονικές πόλεις (πλην Θεσσαλονίκης) επί τουρκοκρατίας, Θεσσαλονίκη 2008, (ISBN 978-960-7265-86-9)
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 554.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]