Злокуќани (Битолско)
- За други значења видете Злокуќани (појаснување)
Злокуќани — раселено село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено во пазувите на Баба Планина, со највисокиот врв Пелистер.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа под пазувите на Баба планина, југозападно од Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злокуќани живееле 500 жители, сите Албанци.[1]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во селото имало 394 жители, кои тој ги запишува како Турци.[2]
Селото броело 23 жители во 1961 година, додека во 1994 година има само 20-тина жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Злокуќани немало жители.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1916 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500[1] | 394[2] | 173 | 156 | 23 | 65 | 59 | 38 | 20 | — |
Родови[уреди | уреди извор]
Злокуќани било албанско село.
Родови во селото биле: Љаме (3 куќи), Цаме (7 куќи), Кече (5 куќи), Пале (3 куќи) и Астафе (1 куќа) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија (областа Мат). Во родот Љаме се знае следното родословие: Рамадан (жив на 50 г. во 1950-тите) Шабан-Камбер-Селман-Алија-Ислам, предокот кој се доселил. Во родот Цаме се знае следното родословие: Елмаз (жив на 56 г. во 1950-тите) Фазли-Сали-Адем-Фазли-Цаме, предокот кој се доселил.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 157 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 9 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Сртот — населба од железно време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Голем број на населението од Злокуќани се има иселено во Бистрица, како и другите околни села.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ 2,0 2,1 Гаджанов, Димитър. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието, София 1993, стр. 266.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069